BREAKING NEWS
Search
selman

Кралот Салман нареди сите хаџии од Катар со авиони да се превезуваат на негова сметка

Кралот Салман бин Абдулазиз наредил на аџиите од Катар да им се овозможи влегување во Саудиска Арабија преку копнена граница и без електронски дозволи за хаџ. Ова одлука дошла после посредувањето на шејхот Абдуллах бин Алија бин Абдуллах бин Јассем Ал Тани, објавила Саудиската новинска агенција (СПА).

Саудискиот принц Мохаммед бин Салман го примил шејхот Абдуллах бин Алија бин Абдуллах бин Јассем Ал Тани во средата навечер во палатата Ал Салам во Џеда.

На основа препораката на шехјот, кралот Салман бин Абдулазиз се согласил на отварање на копнениот граничен премин Салва за сите граѓани на Катар кои сакаат да извршат хаџ, како и на сите да им се овозможи преминување на границата без електронски пропусници за хаџиите.

Исто така, кралот Салман наредил да сите хаџии на Катар кои се наоѓаат на меѓународните аеродроми во Даммам и Ал Ахша, да се превезат бесплатно како дел од кралската програма за хаџ и умра, како и тоа на аеродромот во Доха испрати авион на Saudi Arabin Airlines со што аџиите од Катар кои се наоѓаат на тој аеродром да се превезат во Џеда и тоа на негов трошок.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 3

%d bloggers like this: