deponijastruga1-640x360

Депонијата во Струга повторно гори

Повторно чад и неподнослива миризба, од синоќа повторно гори струшката дива депонија.

Животот за револтираните граѓаните на Струга останува неподнослив. Од Граѓанската иницијатива „Доста“ по синоќешното спалување, повторно излегоа со апел и барања до надлежните институци.

– Надлежните не ги послушаа нашите апели за итно набавување на големоволуменските прес контејнери и нивно итно ставање во употреба. Секој изминат ден количеството на новоодложен отпад на дивата струшка депонија се зголемува, а со тоа пропорционално се зголемува и опасноста од нејзино спалување, велат од граѓанската иницијатива.

Од надлежните тие бараат информација за тоа до каде е постапката за набавка на прес контејнерите, а доколку сеуште не е започната, тоа да се стори под итно. Оттаму најавија дека ќе испратат писмо до Општина Струга и до Владата со овие барања.

Проблемот со палењето на дивата депонија во Струга е присутен години наназад, но особено се актуелизира по Велигденските празници. Граѓаните во повеќе наврати, преку протести, но и со фрлање ѓубре пред здрадата на општината, го искажаа својот револт поради ваквата состојба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 11

%d bloggers like this: