erdogan-i-baghari-800x478

Командант на Иранска војска: Заедно со Турција ќе се бориме против тероризмот

Анкара и Техеран објавиле заеднички став, дека референдумот за независност на Ирчкиот Курдистан ќе испровоцира напнатост во регионот.

Турскиот медиум Posta на 17.август објави дека Турција и Иран постигнале договор за размена на рзузнувачки податоци и соработка во борбата против тероризмот. За тоа соопштил командантот на главниот штаб на иранските вооружени сили генералот Мохамед Хосеин Багхери.

“Се договоривме за размена на разузнувачки информации и разгледување на прашањата за обезбедување на заштита на границите“, изјавил иранскиот генерал, додавајќи дека е можна посета на турскиот претседател Ердоган н Иран. Имено, иранскиот генерл накратко се сретнал со турскиот лидер во главниот град Анкара.

После преговорите Анкара и Техеран објавиле заеднички став за тоа дека референдумот за независност на Ирачки Курдистан кој ќе се одржи на 25.септември, ќе испровоцира затегнатост во регионот. Иран и Турција делат исто мислење во повод ваквата одлука на ( владата на Ирачки Курдистан) за спроведување на референдумот“, изјавил генералот Багхери после срдбата со претсателот Реџеп Таип Ердоган.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 + three =

%d bloggers like this: