Iraqi Shi'ite radical cleric Muqtada al-Sadr delivers a sermon during weekly Friday prayers at the Kufa mosque near Najaf

Саудиско-Ирачка политичка офанзива за нормализација на односите

Прв пат од 1990 година, Саудиска Арабија и Ирак за меѓусебна трговија планираат да го отворат граничниот премин Арара . То премин бил затворен заради прекинување на односите после инвазијата на Ирак врз Кувајт во времето на владеење на Садам Хусеин, објавил Ројтерс, повикувајќи се на саудиски медиуми.

Саудиска и Ирачка делегациј го посетиле овој граничен премин и разговарале со ирачките аџии кои во последните 27 години само еднаш годишно имале право да преминат на судиската територија, исклучиво само заради извршувње на хаџ.

Гувернерот на ирачкиот југо-западен регион Анбар изјавил дека владата во Багдад ја разместила војската по должината на пустинската сообраќајница која води до граничниот премин Арара, а неговото отварање го нарекла како “важен чекор“ за зацврстување на врските помеѓу двете држави.

Ова изјава уследила после одлуката на Ријад за формирање на заеднички економски совет со Ирак.

На ова вест треба да се придодаде и она, според која арапските монархии од Персискиот залив го примиле влијателниот ирачки шиитски лидер Muqtadu al-Sadr, после повеќе годиншни проблематични односи.

Исто така ирачкиот шиитски лидер во Ријад се сретнал со престолонаследникот и министерот з одбрана Мохамед бин Салман, а според соопштението од канцеларијата на Al-Sadr, договорено е  Саудиска Арабија на ирачката влада да и испорача 10 милиони долари помош, а се разговарало и за саудиските инвестиции во јужните шиитски региони на Ирак. Во таа прилика се разговарало и за отварање на граничните премини за меѓусебна трговија.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× five = 5

%d bloggers like this: