економија

Ги изненадија сите: Турската економија повторно бележи висока стапка на раст

Министерот за економија Нихат Зујбекчи изјавил дека Турција го собори рекордот во извоз во месец јули и дека го зазела третото место меѓу 20-те економии во светот по нивото на економски раст во првиот кварт на 2017 година.

“Сигурно ќе ја оствариме целта да цлеземе меѓу 10-те најразвиени економии во светот  и првите три економии во Европа“, истакнал помеѓу останатото Зујбекчи.

За опоравување на турската економија пред сё допринесе извозот, а особено извозот на моторни возила во земјите на ЕУ.

Податоците од Еуростат покажуваат дека Турција во 2016 година добила најголем удел на пазарот на извоз на моторни возила во Европа.

ЕУ минатата година забележала увоз на моторни возила во вредност од 77 милијарди евра, а од таа сума на Турција отпаѓа 20% или 15 милијарди евра.

Турција ја следат Јапан со извоз од 19%, САД со 14%, Јужна Кореја со 10%,Јужна Африка со 5%, Тајван со 4%, Мексико и Тајлабд со по 3% и Индија 2%.

Вредноста на извозот на автомобили од Турција на пазараот во ЕУ 2012 година изнесувало 8 милијарди, 2013 година 9 милијарди,2014 година 10 милијарди.

Во последните две години Турција забележала значително зголемување на вредноста на извозот на моторни возила, кој речиси во 2015 година изнесувал 13 милијарди евра, а претходната 2016 година 15 милијарди. Раст на извозот евидентен е и во 2017 година па би можел да достигне 17 милијарди евра.

Економијата на Турција напреднала за 5% во првиот квартал ова година, што представува најголем квартален раст на економијата во последните четири години во текот на кои турската еконбомија успорила на само 3%. од растот.

Ваков раст ги изненадил економистите кои проценувале раст на турската економија за првиот квартал од 3,8%.

Министерот за економија Зујбекчи исто така изјавил дека Турската економија забеле\ала раст поголем од 23 земји членки на ЕУ.

Министерот за финансии Начи Агбал изјавил дека покзателите на турската економија представуваат резултат на подтикот на владата на Република Турција со кои се подржани инвестициите, производството, извозот и вработувањето.

Во текот на последните дваесетина години економијата на Турција доживеала вистински процват. Доколку се изостават две најлоши години 2008 и 2009 година кога светот беше во екот на финансиската криза. Туската економија растеше по просечна годишна стапка од речиси 6%. Земјата е спасена и од хиперинфлација, а денес  е 17-та  најголема светска економија.

Извозот на Турција континуирано растел по стапка поголема од 10%.

Во последните десет години Турција тројно го зголемила БДП-то кое изнесува 861 милијарда долари односно 11 илјади долари по глава на жител.

Позитивните повеќегодишни трендови стопирани се во 2014 година заради војната во регионот, па растот бил скромен – само 3% годишно, што секогаш бил подобар од ЕУ просекот ама далеку под турските амбиции.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − = 3