BREAKING NEWS
Search
Untitled

На 22 август ќе започне постапката за избор на нов jавен обвинител

Владата на наредна седница на 22 август на дневен ред ќе стави заклучок со кој ќе му се наложи на Собранието да распише оглас за избор на нов Републички јавен обвинител, информираше денеска на прес-конференција, портпаролот на владата, Миле Бошњаковски.

Откако ќе биде распишан конкурсот, тој ќе биде отворен 15 дена. По ова, сите биографии на кандидатите ќе бидат испратени до Советот на јавни обвинители кој ќе има 15 дена рок за да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите. Овие мислења Советот ќе ги испрати до владата која на наредната седница откако ќе ги добие мислењата ќе треба да избере еден кандидат кој од Советот добил позитивно мислење. Биографијата на избраниот кандидат се испраќа до Собранието со препорака тој да биде избран за нов Републички јавен обвинител кое со 61 глас „за“ ќе треба да го одобри изборот на кандидатот.

Конкретниот рок кога ќе се избере јавен обвинител се уште не се знае, затоа што според членот 8а од Изборниот законик, според кој од распишување на изборите до конституирање на општинските совети, не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување.

Телевизија 24 денеска објави дека според годишниот распоред, обвинителката Лилјана Спасовска ќе биде вршител на функцијата јавен обвинител.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × = thirty two

%d bloggers like this: