8

(Фото) Пожар зафати делови на Подгоречко поле

Нешто попладне речиси за две недели повторно се регистрирани пожари во атарот на населба Подгорци, и дел од патот кој води кон населба Вевчани.

3

И покрај денешното променливо време, кое за разлика од претходните неколку денови се карактеризираше со малку пониски температури, сепак делови од Подгоречкото поле не беа поштедени и овој пат од пожарите кои моментално беа проширени на неколку метра од влезот кон населба Подгорци.

Со пожар зафатен беше и дел од патот кој води кон населба Вевлани. Од она што можеше да се забалежи е дека пожарите моментално со помал итензитет се прошируваат и во другите најблиски делови, иако во моментот на нашето забележување на состојбата изгледаше дека не представуваат опасност од посериозно проширување.

Покрај овие два евидентирани пожари, денес пожари можеби со поголем интензитет можеа да се забележат инад населба Октиси-Горна Белица, како и други помали делови на Струшкиот регион.

На самиот терен од местото на избувнување на пожарот, забележано беше присуството на против пожарните екипи, како и дел на граѓани кои се обидуваат да помогнат проширување на пожарите.

2  5 6 7 8




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + = 15