бегалци

Реџепи: Не ги користете бегалците за политички цели

redzepi-mala Пишува: Јасмин Реџепи

Прашањето на бегалците представува само едно во низата дефокусирања на македонската јавност од реалните политички проблеми.

 

Овие  денови во Македонија во медиумите и по социјалните мрежи забележан е голем раст на ксенофобијата и исламофобијата насочен спрема бегалците и регуларните мигранти. Такво нешто не се случувало ниту во екот на бегалската криза во 2015 година, кога низ земјата транзитираа и по 13.000 бегалци во 24 часа.

Сё започна кога Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија донесе предлог Стратегија за ингеграција на бегалците и странците 2017-2027. Министерството остави простор за забелешки награѓанскиот скетор и институциите, пред да ја донесе конечната верзија која би се разгледувала и одобрила во Парламентот.

Самата страѕегија изработена е со УНХЦР и генерално се занимава со реалните проблеми и потреби на сите апликанти за азил. Обработувајќи ги важните четири области : вдомување,образование,вработување и обука како и натурализација и интеграција, ги поправа сите недостатоци на претходната стратегија и забрзува процесот на интеграција.

Имајќи во вид дека сеуште не поминале ниту првите сто дена од промената на власта и дека се распишани локални избори за 15.октомври, политичките партии веќе започнаа со предизборната кампања. Еден од начините за дефокусирање на јавноста одбрале да биде прашањето за бегалците, а конкретно новата стратегија на МТСР за интеграција на бегалците.

ВЛЕВАЛЊЕ НА СТРАВ

За таа цел свикана е Комисија за труд и социјална политика како би се разгледала стратегијата. Бидејќи е формирана пред време, прекршена е парламентарната процедура и Правилникот  за работа, па невладините организации се воздржале од активно учество во дискусијата, особено после изложување на забелешките.

Некои од нив се неосновани, како што е тврдењето дека ЕУ врши притисок врз Македонија да се преселат 10.000 бегалци, што би резултирало со промена на демографијата на земјата, потоа да се потрошат средства од буџетот  како би се граделе станови и отвориле работни места за бегалците доколку толкавата бројка на бегалци е сигурно прашање бидејќи немаат начин како да утврдат кој од нив е терорист, а дека дел од нив благо идоктриниран со екстремна идеологија. Ова укажува дека немаат сериозни забелешки во врска документите тука дека намера е да се предизвика страв кај граѓаните.

Прашањто за бегалците представува само едно во низата обиди за дефокусирање на јавноста од реалните политички проблеми, како што е договорот со Бугарија и законот за јазиците. Свесните и хумани граѓани згрозени се од ваквиот акт на политизирање на олку ранлива категорија на луѓе.

Сите политички партии трба да имаат на ум дека сите сме свесни дека сега се наоѓаме во друга политилка состојба и дека на едните ги боли тоа што останале без власт, адругите ги фатила еуфорија и трчаат по позиции на власт, ама тоа е нивни партиски проблем.

Транзитна Рута.

Бегалците и ирегуларните мигранти немаат врска со тоа, па заради тоа љубезно ве молам, како што досега не биле предмет на предизборна кампања, така и понатаму, не ги користете бегалците за вашите дневно политички препукувања. Одржете ја политичката етика на позитивно ниво како и порано. Не бидете причина за ширење на ксенофовија меѓу граѓаните.

Ние, како граѓански активисти, кои сме дел од секторот кој се грижише, се грижи и ќе продолжи да се грижи за правата и состојбата на овие луѓе, максимално бевме посветени на тоа нашата држава најдобро да се снајде во бегалската криза, соработувајќи и помагајќи им на сите институции. Бевме критични, баравме да се почитува меѓународната коневција и стандарди, а воедно нудевме најдобри решенија за проблемите и предизвиците кои државата ги прифатила и не се покајала.

Македонија никогаш не била дестинација за бегалците од Блискиот исток, туку само дел од транзитна рута. Тоа ќе така и ќе остане сё додека и нашите граѓани бегаат од својата држава во ЕУ заради економски проблеми. Нема причина за страв од населување на десетина илјади бегалци.

Никој, па ниту ЕУ, нема право никого да држи овде со сила, проти што бевме и кога во март 2016 година се затвори балканската рута, а во Македонија останаа заглавени 1.5000 бегалци во транзитните центри без права и слобода на движење. Тоа е кршење на фундаменталните човекови права, посебно на луѓето кому ништо не им скривиле. Од 1.500 бегалци, после 16 месеци, останаа само нив шест кои чекаат одговор на апликацијата за азил.

’Да се спаси жива глава не е тероризам’

По прашањето за издвојување на сресдтва од буџетот за вдомување, интеграција и вработување на бегалците на штета на граѓаните, треба да се знае дека стратегијата не предвидува такво нешто.Во таков случај, како и во претходните искуства за време на бегалската криза од почетокот и крајот на деведесетите на просторот на поранешна Југославија, и доаѓањето на беглаците од Блискиот исток 2015 година, повеќето трошоци ги сносуваат меѓународните организации и странските донатори. И тогаш, како и сега, граѓаните и државата само профитираа од сето тоа.

По прашање на безбедноста, никогаш не е забележано дека некој од бегалците им наштетил на македонските граѓани, ама заради тоа имаме стотина регистрирани случаеви на ограбување, физички напади на бегалците и ирегуларните мигранти кои ги направиле наши криминогени сограѓани, а од кои затворите се преполни. Бегалците се жртви на тероризмот во нивните земји, а не се терористи или екстремисти. Да се спаси жива глава не е тероризам, ниту екстремизам.

Донесувањето на стратегија и закон кој гарантира права на бегалците и ирегуларните мигранти, како дел од многу реформи кои треба да ја приближат Македонија кон евроатлантските интеграции, само ќе го подобрат статусот на нашава држава во меѓународните рамки без било каква штета нанесена на граѓаните. Нашата соработка и допринос на државните институции и покрај предизвиците и понатаму ќе биде на максимално ниво, во рамките на потпишаниот референдум за соработка, а не нарушување на взаемнииот интерес на држацата, граѓаните и бегалците.

Извор:

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 × = thirty two

%d bloggers like this: