21150103_1634157556615418_7972849035090855702_n

Имероски: Годишната програма донесена и пополнета со нови и потврдени претходни активности

Имајќи го во предвид почетокот на новата учебна година 2017/18 како и секоја, така и ова решивме а во согласност законските регулативи предвидени во законот за образование пред претставниците на Советот на родители и Училишниот одбор истата да ја презентираме, и на тој начин представиме сите активности кои треба да ги реализираме во тековната предстојна година, за кои планираме дека треба да бидат реализирани.

Во неа се содржани, како оние старите активности кои традиционално ги продолжуваме, внесени се нови активности преку кои ќе го збогатиме нашиот образовен процес во ова училиште, ни изјави ВД директорот Ариф Имероски.

Во текот на изнесената содржина на годишната програма, истата беше прифатена од страна на сите представници, и која ќе биде проследена до оддлението за образование на Опшптина Струга.

Исто така во текот на средбата, накратко беа анализирани и минатогодишните активности, се разбира главен акцент беше ставен и на соработката со родителите, која во секој случат представува главна алка помеѓу учениците и нивниот образовен развој.

Ова година, како што напоменавме, продолжуваме со истите активности, новина е тоа што г-ѓата Руждија Исмајлоска ни замина во пензија, и од тука наскоро од страна на министерството за образование ќе се донесе одлука за пополнување на ова работно место со нов стручен кадар.

Се разбира предмет на разговор беа и одлуките донесени од страна на министерството за образование, а кои се однесуваа на задолжителните четири саботи, кои треба да се одржат како и оние редовните, што значи дека секој ученик ќе мора тие денови да ги помине како во редовен наставен ден, се разбира беше разговарано и за редовните задолжителни екскурзии, и како истите на најлесен и безбеден начин спроведат како што треба.

Можам да истакнам дека од досегашната работа на сите наставници од ова училиште сум презадоволен, како од нивното учество во образовниот процес, така и од начинот во изнаоѓањето на решенија за проблемитем, и се разбира она најважното проширувањето на соработката со родителите.

Не можам исто така да ја заборавам и активноста од редовното учество на представниците на советот на родители така и представниците на Училишниот одбор, како од претходниот така и од овој состав, а чии членови секогаш изнаоѓаа време да бидат дел од нас во решавањето на проблемите кои ќе се појавеа или нешто слично. Би сакал да укажам дека со моето искуство и во начинот на менаџирањето ( раководење) на ова образовна установа, во секој момент им стојам на сите мои колеги на располагање во помагањето на образовниот процес, се разбира притоа на ВД директорот Ариф Имероски да му посакам успех во предстојниот период во кој ќе раководи со ова наше училиште, ни истакна Фадил Исламоски, поранешен директор на ова училиште.

Потсетуваме, мандатот како директор на г-динот Фадил Исламоски му истече на 25.август ова година, и на негово место сё до поставувањето на нов директор поставен е Ариф Имероски, долгогодишен и проверен наставник во ова училиште.

Одлуката за избор на нов директор ќе биде објавена од страна на Општинските органи, под чија надлежност се наоѓаат училиштата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × 2 =

%d bloggers like this: