IMG_8293 (Copy)

(Фото) Подгоречкиот пазар низ фотографија

Вака изгледа неделниот Подгоречки пазар. Од самото утро некаде до 11.часот брзаат сите оние кои сакаат да се снабдат со овошје, зеленчук и др..

IMG_8292 (Copy) - Copy

Повеќето продавачи во стварност се познаваат со Подгорчани веќе долго време бидејќи секоја недела своите тезги ги отвараат пред своите пријатели и редовни купувачи (муштерии).

Некои кои не стигнале да набават нешто, си обезбедуваат за следната недела со задолжување следната недела да му биде донесено во Подгорци, други пак се снабдиле навреме.

Вака е секоја недела, сите овде се познаваме, и ние што продаваме, а и нашите Подгорчани, се чувствуваме исто како да продаваме во нашите села, никогаш не сме имале проблем, а ниту пак сакаме, понекогаш се пошегуваме околу цените, скако-ефтино, ама тоа е тоа пазар си е пазар, ни изјави еден од редовните тезгачии на Подгоречкиот пазар.

Овде можете буквално да си набавите сё, односно има сё што ке ви затреба, без разлика дали сте тргнале да купете, зеленчук или овошје, или др..

Сезоната ја следиме и секогаш доставуваме за продавање она што на самата населба ке му треба, еве колку за пример сега доаѓа периодот на зимници, така да најпотребни ќе бидат пиперките, тупачињата, зелката и др.. – ни надополни нашиот соговорник, и уште еднаш укажа дека долго време е во Подгорци и досега е задоволен од односот на Подгорчани.

А, ние почитувани во продолжение на нашава информација, Ви презентираме дел од забележаните фотографии, иако ги имавме повеќе, меѓутоа заради преовладувањето на онаа кај нашите жители одобено женскиот пол “ Лично, аман мене немој да ме сликаш !“, бевме ограничени во нашето фото представување на овој наш неделен пазар. Ама иншаллах во некој следна пригода можеби ќе можеме нешто повеќе да Ви прикажеме. Дотогаш еве само кратки фотки од денешниот пазар во Подгорци.

IMG_8280 (Copy) IMG_8281 (Copy) IMG_8282 (Copy) - Copy IMG_8283 (Copy) - Copy IMG_8284 (Copy) - Copy IMG_8284 (Copy) IMG_8285 (Copy) - Copy IMG_8286 (Copy) - Copy IMG_8287 (Copy) - Copy IMG_8288 (Copy) IMG_8289 (Copy)  IMG_8293 (Copy) IMG_8296 (Copy) IMG_8298 (Copy) IMG_8299 (Copy) IMG_8300 (Copy) IMG_8302 (Copy) IMG_8303 (Copy) IMG_8304 (Copy) IMG_8305 (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × = twelve