мијанмар

Како во 2017-та да се заташка прогонот на 400.000 луѓе, и застрашувачката тактика “Запалена земја“: Уште една приказна за бруталната модерна геополитика

Организацијата за човекови права Amnesty International објавила извештај во кој се потврдува дека минајмарските сили за безбедност, заедно со парамилитарните групации спроведуваат тактика на “ запалена земја“ на просторот на северозападната провинција Ракхине каде како мнозинство живеат припадниците на муслиманското малцинство Рохниџја.

Сателитските снимки откриваат големо уништување на населби во кои живееле муслимани. На снимките можат да се видат најмалку 80 големи пожари на просторот кое инаку е населено. Со други зборови, изгледа како да се спроведува целосна тактика позната како “запалена земја“.
“Доказите не се спорни, мијанмарските безбедносни сили ја палат покраината Ракхине и со намера настојуваат да ги протераат Рохинџа муслиманите ид Мијанмар“, истакнала една од директорките на Amnesty International , Тирана Хассан.

Се проценува дека повеќе од 400.000 муслимани побегнале од покраината во соседен Бангладеш.

Потсетуваме, Мијанмар мнозинско е будистичка земја во која пред неколку години владееше хунтата. Во стварност војската и понатаму е на власт со тоа што единствена разлика е тоа што дел од власта сега се дели со цивилоната Влада на чие чело се наоѓа добитничката на Нобелова нахрада за мир, Ауунг Су Кји. Таа де-факто се смета за лидерка на Мијанмар.

Аунг Сан Су Кји сепак е ќерка на Аунг Сана, човек кој се смета за татко на нацијата, основоположникот на денешен Мијанмар. Бил контраверзна личност – прво ја оснивал Комунистичката парија на Бурма ( денешен Мијанмар претходно се викал Бурма), сепак повеќе практикива национализам отколку комунизам. Понатаму за време на Втората светска војна иницијално застанал на страната на империјалниот Јапан, значи на страната на Силите на оскаѕа, за подоцна да ја смени страната и премине кон Британците. После вората светска војна повторно се борел за независност на Бурма од Британците – и успела, ама не доживеал бидејќи на шест месеци пре прогласување на независноста убиен е во атентат.

Аунг Сан  – мијанмарски татко на земјата

Некое време после осамостојувањето 1947 година. Бурма била демократска држава – до воениот удар 1962 година, кога на власт доаѓа брутално воената хунта која ќе владее со земјата сё до 2011 година. Низ минатите 50-тина години Бурма била нешто како Северна Кореја, денес изолирана од светот.

Во стварност Мијанмар е многу богата земја – имаат нафта, гас, дијаманти, разни природни богатства. Во исто време Мијанмар е земја со еден од најголемите јазови помеѓу богатите и сиромашните ( приврзаниците на воената хунта ја држат сета моќ и пари во своите раце ).

Актуелната владетелка на Мијанмар, Аунг Сан Су Кји, претставува контраверзна личност. Родена е на 19.јуни 1945 во главниот град Рангон (денешен Јангон: градот и името на држават сменети се  после востанието во 1988 година -  востание познато под името “8888“ – во кое се убиени и до 10.000 демонстранти).
Фото: Про-демократски протести во Бурма 1988.

Како ќерка на таткото на земјата и мајка која била дипломатка, било за очекување дека Кји исто така ќе заврши на политика.Дипломирала на универзитетот во Њу Делхи 1964. Потоа заминува во престижниот универзитет Оксфорд каде дипломира во 1968 година. Во 1972 се мажи за Британецот Мајкл Арис, веќе тогаш припадник на британскиот естаблишмент, со кого подоцна ќе има две деца ( се разведиле во 1999). Неколку години ќе работи за ОН.
Фото: Аунг Сан Су Кји со нејзиниот сопруг Мајкл Арис во 70-те.

Во политичка смисла се истакнала за време на востанието во 1988. Целта на востанието било уривање на хунтата од власт и враќање на демократијата. И покрај фактот дека на улиците на главниот град излегле повеќе од милион демонстранти, востанието не успеало и било задушено во крв. Аунг Сан Су Кји сепак ќе заврши во домашен притвор каде ќе остане сё до 2010 година.

Низ сите тие години, Западните сили, во прв ред САД, од Аунг Сан Су Кји создаваат митска фигура и борец за демократија. Се одржуваат и концерти на кои се барало нејзино пуштање на слобода. Може слободно да се каже дека Аунг Сан Су Кји станала најпозната политичка затвореничка.

Фото:Аунг Сан Су Кји држи говор 1998 год

Меѓутоа,што сето тоа значи во поширока смисла, односно во контекст на геополитиката? Приказната отприлика започнува вака – Мијанмар, односно Бурма, имала многу добри односи со Кина сето ова цело време, освен во одредени кратки периоди на затегнатост ( анти-кинески немири во Бурма 1967). После пропаднатото про-демократско востание 1988, и после бруталното задушување во крв од страна на воената хунта, воените власти на мијанмар се нашле одвоени од остатокот на светот, туку како денес што е Северна Кореја, па одлучиле да се свртат кон Кина. Тука односите се уште продлабочени, а кинеското влијание во следните 20 години станувало се посилно и посилно.

Меѓутоа, работите се менуваат кога Аунг Сан Су Кји во 2010 најпосле излегува на слобода, благодарение на големиот меѓународен притисок. Мијанмар започнува, очекувано да се свртува од Кина кон Западот. САД сега на Мијанмар ја слави како нова членка на демократското семејство,  меѓутоа постои проблем,- муслиманското малцинство Рохинџа, кои милитантите будисти ги мрзат, а изгледа не и само тие.

Околу милион муслимани живеат во Мијанмар, земја која има повеќе од 50 милиони  и некаде 6% христијани. И што се случува?  Масовниот и страшен прогон кој започна уште пред неколку години, минатата година се интензивира, а во овие неколку последни недели дојде до тотална ескалација.

Припадници на Рохинџа народот.

Рохинџа народот често се нарекува и како “најнепосакувани луѓе на светот“ ( Бангладеш иако е мусалиманска земја, исто така не ги сака). Речиси нив никој не ги сака, и заради тоа од тука го имаат статусот “ најпрогонето малцинство на светот“, а кога зборуваме за прогонот тој навистина е страотен – војската на мијанмар е обвинета за палење на читави села, масовни убиства и масовни силувања.

Фото: Покраина Ракхине.

Во стварност, срамотно е тоа што за овие луѓе се знае толку малку, колку за пример, податокот-информацијата дека се користат за присилна работа. Понатаму, земјата им е одземена, обработлива површина која им е дадена на будистичките доселеници.

Најстрашно од сето тоа? Хероината на борбата за демократија и човекови права ,Аунг Сан Су Кји, целосно ја свртува главата од овој прогон и масакр и се прави како ништо да не знае. Додека пак, Западот само суптилно ја критикува истакнувајчи дека нејзиното молчење не е добро, ама сепак не се превзема ништо. Зошто?  Бидејќи тие имаат план за неа – таа има мисија да го предаде Мијанмар, со нафтата и другите ресурси на богатиот Мијанмар, во прегратките на Западот, палејќи ги мостовите на добри односи со Кина. Заради тоа, денес во втората половина на на 2017 година, дозволува овој прогон-исклучиво заради сировите геополитички интереси.

400.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови, некои ранети доспеваат до Бангладеш, каде што пак тие би испратиле наза преку минските полиња кои за нив ги поставуваат воените трупи на Мијанмар. Посебно на никого не му е гајле – тие луѓе се “пречка“, од нив никој нема интереси и од тука нивното страдање нема да доспее во медиумскиот фокус. Ќе се слави демократската хероина Аунг Сан Су Кји за  време на чие владеење се спроведува еден од најголемите прогони и злосторства, отколку за времето на најтемните денови на воената хунта.

Извор: Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × nine =

%d bloggers like this: