stvaranje-novog-izraela-zasto-tel-aviv-jedini-podupire-stvaranje-nezavisnog-irackog-kurdistana_9367_9885

Создавање на “нов Израел“, зошто Тел Авив како единствен го подржува формирањето на независен Курдистан?

Илјадници луѓе се собрале во текот на вчерашниот ден на улиците на Ербил, на ирачката автномна провинција Ирачки Курдистан, на само една недела пред одржувањето на најавениот референдум за отцепување на Ирачки Курдистан од Ирак. Потсетуваме, референдумот е закажан за 25.октомври, иако многумина, вклучувајќи ги и САД, порачуваат дека нема да го признаат референдумот.

Интересно е да се истакне дека од Багдад порачале дека нема да дозволат создавање на “втор Израел“. Во исто време на улиците на Ербил можеле да се забележат бројни израелски знамиња како се виорат заедно со курдските. Се разбира, не за тоа што Курдите сметаат дека ова ќе биде“нов Израел“, туку заради фактор дека Израел е една од ретките земји кои јавно ја дадоа подршката за референдумот и отцепување на Ирачки Курдистан од Ирак.

Имено, минатата недела израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порачал дека Израел ги подржува“ легитимните напори на курдскиот народ кој сака да оствари своја држава“.

Очекувано, изјавите на Нетанјаху никако не им се допаднаа на властите во Багдад кои остро се противи на отцепувањето на ова нафтено богат регион. “Нема да дозволиме формирање на друг Израел на северот на Ирак“, порачал вчера во разговор за АФО ирачкиот потпретседател Нури ал Малики.

“Курдистанската регионална Влада мора да го откаже референдумот кој не е уставен ниту му служи на интересите на ирачкиот народ, па ниту на курдските интереси“, истакнал Малики.

Нешто претходно, ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади порачал дека Курдите се “играат со оган“. Од Вашингтон пак исто така ги повикаа Курдите да се откажат од референдумот и наместо тоа да покренат сериозен дијалог со Багдад.

ВИДЕО: Собир за подршка на референдумот во Ербил

Од Москва, сепак директно не го коментирале самиот референдум, меѓутоа рускиот Министер за надворешни работи,  Сергеј Лавров изјавил дека “курдските легитимни аспирации, како и на другите народи, мора да се имплементираат во рамките на меѓународниот закон“.

Секако, “меѓународниот закон“, како што и видовме во последните четврт векови, може да биде поприлично “флексибилен“ (Косово,Крим,бомбардирањето на Либија…), со други зборови, Ирачките Курди, доколку сакаат, можат секогаш да се повикаат на некои од поранешните преседани и од нив да се обиде да го исцрпи својот легитемитет.

Меѓутоа, како што видовме, Ирачките Курди имаат една подршка – Израел. Зошто токму Израел? Постојат повеќе причини зошто Израел е единствена земја која јавно изрази подршка за независност на Ирачки Курдистан. Првата и главна причина поврзана е со нивното долгогодишно непријателство со Иран. Имено Израел смета- а не само Израел = дека Ирак денес е некаков вид ирански протекторат и со самото тоа, сё што е лоша вест за Ирак, добра вест е за Израел.

Разбивањето на Ирак, не само што би го ослабнало Иран на овој простор туку одеднша би отворил простор за  израелско влијание на Ирачки Курдистан, потенцијално независна држава, секако би запомнила кој во клучен момент единствено им дал отворена подршка.

Иранското влијание би ослабнало бидејќи Ирак би ослабнла – имено, големите нафтени полиња се наоѓаат токму на територијата на Ирачки Курдистан. Се разбира тешко е да се очекува дека Багдад туку така би дозволил нивниот богат регион да се отцепи без нивна дозвола. Ниту Мадрид ќе ја пушти Каталаонија туку така, а камоли Багдад Ирачкиот Курдистан.

Кој ќе им помогне на Јурдите доколку Багдад ги нападне? Израел сигурно нема. Западот? Можеби. Кога Садам Хусеин ги нападна Курдите Западот ги спаси преку воена интервенција. Згора на тоа, така настана и автономниот Ирачки Кирдистан, регионот се развивал без страв од Садамовиот Багдад бидејќи северен Ирак бил зона на забрана на летови каде ирачките воздушни сили не смеле да влезат. Истото важело и за јужен Ирак каде зоната за забрана на летови ги чувала Ирачките шиити.

Меѓутоа, ако Израел отворено го подржува создавањето на независен Ирачки Курдистан, како тогаш ставот на Вашингтон е спротивен?  Како прво, ставовите на Израел и САД не мора секогаш да се поклопуваат, а како второ – кој вели дека ставот на Вашингтон во стварност е поинаков? Тоа што од САД ги повикуваат Курдите да се откажат од референдумот тврдејќи дека нивното отцепување нема да има меѓународен легитимитет можат да бидат само празни зборови. Можеби во исто време на Курдите им се шепнува: “Вие само продолжете!“.

Имено, израелската министерка за правда Ајелет Шакед, пред неколку днови изјавила: “ Израелски и американски интерест е создавање на Курдска држава. Прво во Ирак. Време е САД да го поддржи ова“.

Интересна изјава. Што значи “прво во Ирак“? Можеби би требало турскиот претседател Ердоган да се праша што значи тоа. Освен Турција уште две земји се “на лагер“ за создавање на Курдистан – Иран и Сирија. Моментално ја знаеме ситуацијата во Сирија, таму Курдистан де-факто веќе постои.

Не е тешко да се разбере зошто Израел навива за независен Курдистан, по можност што поголем Курдистан. На крај Израел би имал вистински сојузник во регионот. Сите останати нормализирани односи – од односите со Турција,Јордан, Саудиска Арабија и другите полни се сомневање и постојат, иако неопходно не јавно благодарение на фактот дека САД ги озвозможил. На САД не им е тешко, кој толку многу силно доминира со овој регион да ги натера своите сојузници меѓусебно да бидат во добри односи. Сепак, Израел, кој секогаш размислува и за својата долгорочна егзистенција, посакува нешто поконкретно.

Иако во таа потрага Израел прави сешто, па дури и ги подржува одредени милитанти во Сирија, јасно им е дека тоа не е долгорочно решение. Голем и силен Курдистан би бил долгорочно решение и Израел ќе помогне тоа да се случи. Меѓутоа една работа е желбата,а друга работа е реалноста. Вистинскиот исход е дека Багдад ќе завојува со ирачките Курди, а ќе има и подршка од про-иранските парамилитарни групи кои моментално ја спроведуваат акцијата на чистење на земјата од ИСИЛ. Од друга страна, доколку приказната за голем Курдистан постане сериозна многу е веројатно дека на брзо ќе видиме и брзо смирување на Асад и Ердоган.

Сё ќе биде јасно за една недела кога ќе се одржи референдумот. Засега постојат изгледеи дека тој нема да биде откажан, курдските власти тоа повеќе не можат да го направат.Значи, дестабилизацијата е загарантирана, а сега само зависи за каква магнитуда зворуваме.

Извори/референци:

Advance
Israel becomes first state to back an independent Kurdistan

http://www.telegraph.co.uk/news/2017/09/14/israel-becomes-first-state-back-independent-kurdistan/

Israel Endorses Kurdish Independence in Lone Show of Support
https://www.bloomberg.com/news/articles/2017-09-13/israel-endorses-kurdish-independence-in-lone-show-of-support

Baghdad says it won’t tolerate ‘2nd Israel’ as 1,000s of Iraqi Kurds hold independence rally
https://www.rt.com/news/403644-iraq-kurdistan-second-israel/

Netanyahu, Sole Leader to Endorse Independent Kurdistan
http://www.haaretz.com/israel-news/1.812469

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 10

%d bloggers like this: