arakanmuslimani

Араканските Муслимани благодарни на помошта испратена од Турција

Араканските Муслимани благодарни на помошта испратена од Турција

Араканските муслимани сместени во бегалски кампови во Бангладеш изразуваат голема благодарност на турските хуманитарни и добротворни организации како што се Црвената полумесечина, АФАД (владин кризен центар за елементарни непогоди и кризни ситуации), ИХХ ,Садака таши и другите кои реализираа неколку хуманитарни и доброволни акции за собирање и испраќање помош до араканските муслимани сместени во камповите во Бангладеш.

Мухамед Нур, муслиман од Аракан вели: Турците се секогаш присутни во камповите каде што сме сместени. Уште од првиот ден кога пристигнавме тука,Турците се грижат за нас,ни делат топол оброк и други потребни материјали.

46 годишната Мерјем Адхикари која е сместена во кампот Кутупалонг во Бангладеш вели дека турските хуманитарни организации се мошне добро организирани и дека им делат секаква помош. Доволно е само да се наредиме во редица и да чекаме да ни дојде редот за топол оброк кој што ни го делат Турците.Тие се мошне љубезни кон нас,вели Мерјем.

Мустафа Демир одговорно лице на добротворната турска организација ИХХ вели дека араканските муслимани се среќни кога ќе ги видат бидејќи во бегалските кампови во Бангладеш нема други хуманитарни организации од други земји.

Инаку од 25 август околу 421 000 муслимани од Аракан беа насилно депортирани во Бангладеш.

УНИЦЕФ соопшти дека меѓу бегалците се наоѓаат над 250 000 деца.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− one = 6

%d bloggers like this: