rsz_karta_001

ЏАМИСКИ ОДБОР-ПОДГОРЦИ: “Откупена локацијата за изградба на нова џамија“

Почитувани Подгорчани, имајќи ја во предвид долгогодишната потреба за изградба на нов верски објект (џамија) за потребите на жителите на населба Подгорци, како и потребата од обезбедување на соодветна документација и прибирање на финансиски средства, Ве известуваме дека врз основа  претходно доставените документи за обезбедување на сопственост на предвидениот плац (маркица) на местото викано “Рид“ каде  е предвидено изградба на нова џамија,  решението за отуѓување на државно земјиште, со нотарски запис од 18.09.2017 година предвидената парцела со катастарски број: 1260/5  со површина од  11 илјади 973 м2 од горе наведениот датум и официјално е во сопственост на ИВЗ на РМ, односно џамискиот одбор на населба Подгорци.

rsz_karta_001

Тоа значи  дека сите долгогодишни напори за обезбедување на потребната локација и нејзиното купување и официјално завршуваат, односно жителите на населба Подгорци, веќе станаа сопственици  на локацијата каде што иншаллах, ќе биде започната изградбата на новата џамија за потребите на жителите на нселба Подгорци.

Притоа би сакале исто така да Ве известиме дека, благодарение на подршката на жителите на населба Подгорци и жителите од околните села,како и приватни фирми,  сите потребни финансиски барања од страна на државата (вкупен паричен износ за предвидената парцела)  се подмирени,(исплатени)  односно нема постоење на никаков долг кон неа или било која друга државна институција.

дзамијапарцела

Исто така, би сакале да Ве информираме дека преостантиот дел од финансиските средства кој беше позајмен за исплаќање на целокупниот финансиски износ кон државата како сопственик на наведениот плац, како позајмени средства, односно средства кои треба да се вратат на име “позајмица“, се надеваме дека наскоро со спроведување на соодветна активност на нашите сограѓани и наши браќа надвор од нашава населба, ќе бидат собрани средствата, кои беа позајмени, и на тој начин ќе ни се овозможи понатамошен почеток на новата фаза од изградбата на џамијата, односно нејзиното отпочнување со градба.

За новопредвдиениот објект, постои соодветна техничка документација (план, имотен лист..) а наскоро треба да биде издадена и дозволата за градба која ќе го означи почетокот на нејзината изградба

Во ова пригода, уште еднаш на сите оние ,наши сограѓани, пријатели, браќа од околните населби, како и приватните фирми кои на некој начин со своите финансиски средства, и друг вид на помош,  помогнаа во реализацијата (откупување) на предвидениот плац, би сакале да им се заблагодариме за сите нивни напори,кои со својата помош допринесуваат за  за почеток на изградбата на оваа наша Аллахова куќа.

Со почит!

Џамиски Одбор – Подгорци

(стои во известувањето испратено до редакцијата на Дубаи Портал)                                                                         Dubai-portal.com.mk




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 5 =

%d bloggers like this: