УНЛУ

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: 85-годишен дедо на внуката и донирал бубрег

Мустафа Унлу, 85-годишњак од централниот град Караман, на својата 17-годишна внука и `го спасил животот откако и донирал бубрег.

Откако нејзините родители се разведиле, Ајше Унлу од мали нозе живее со својот дедо. Кога имала 14 години, и било утврдено хронично затајување на бубрег.

Ајше две години поминала на лекување во турскиот град Мерсин, меѓутоа откако бубрезите целосно и откажале, сапочнала со дијализа. Бидејќи било неопходно пресадување на бубрег, Ајше била ставена на листата за чекање.

Меѓутоа, дедото мустафа не сакал неговата внука да чека на листа, па изразил желба и подготвеност да го донира својот бубрег на внуката. После сите извршени испитувања утврдено е дека неговиот бубрег одговара на Ајше, и веднаш била извршена трансплатација.

После успешната операција, АјшеУнлу, за Анадолија агенцијата изјавила дека многу е среќна и многу благодарна на својот дедо кој како што кажа ја врати во живот.

“Дедо ми, ми кажа дека е подготвен да го донира својот бубрег доколку одговара. Отидовме во болница, ги извршија испитувањата и се беше позитивно. Сега двајцата сме здрави. Жива сум, и здрава благодарение на мојот дедо. Многу го сакам“, порачала Ајше Унлу.Дедото Мустафа Унлу истакнал дека многу го погодил фактот дека неговата внука се разболила, па по прашањето за донирање на бубрег не размислувал многу.

“ Не само бубрегот, подготвен сум и мојот живот да го дадам за внуката. Само таа нека ми е жива. Му благодарам на Бога што двајцата сме живо. Нека Господ им помогне на болните. Болницата во која се изврши трансплатацијата ништо не ни наплати, многу им благодарам на сите“, порачал Унлу. (Фото:АА)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = eleven

%d bloggers like this: