ирак началник

Во пресрет на референдумот во ирачки Курдистан, началникот на ирачката војска допатува во Турција

Вооружените сили на Турција (ТСК) ги подигнаа вежбите на подрачјето Силопи-Харбур на повисоко ниво. Втората фаза од вежбата продолжена е со дополнителни единици.

ирак началник

Во тек е вежба која ТСК ја покрена на 18.септември во близина на граничниот премин Харбур, во турскиот дистрик Силопи, провинција Сирнак.На подрачјето на вежбите кое е на неколку километри оддалечено одф граничниот премин Хабур, на границата со Ирак се наоѓаат војници во оклопни возила, сместени на позиции, јавува Анадолу Агенцијата (АА).

Вежбата е продолжена со зголемена активност.

Во исто време началникот на Генералштабот на ирачката војска, Осман Ал Ганими допатувал во Турција каде ќе се сретне со турскиот колега, Хулси Акар.

Официјалниот пречек ќе биде уприличен во централата на Генералштабот на Турција, после што ќе биде одржан и состанок на двата лидери на генералштабовите.

Курдската регионална управа на северот на Ирак едноставно најави одржување на референдум за независнот на овој регион за 25.септември. Парламентот, Владата и Уставниот суд на Ирак го забранија одржувањето на овој референдум, а против е и меѓународната заедница.

Владата на Република Турција вчера на раководството на Големото народно собрание на Република Турција му ја доставило одлуката за продолжување на овластувањата на Владата и во наредните 12 месеци да може да изведува воени операции во соседна Сирија и Ирак.

Во владината одлука се наведува дека Турција и` придава голема важност на зачувување на целовитоста и стабилноста на Ирак и Сирија, исто така се наведува дека присуството на терористите на ПКК и ИСИЛ како етничкиот сепаратизам во таа земја представуваат директна закана за регионалниот мир и безбедност на Турција. За денес е најавена вонредна седница на парламентот на Турција.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × eight =

%d bloggers like this: