londonkiselina

Нов напад со киселина во Лондон, шест лица се повредени

Шест лица се повредени синоќа во реонот на Стратфорд, во источниот дел на Лондон, при „инцидент со киселина“, соопшти лондонската полиција, додавајќи оти „не верува дека станува збор за тероризам“.

Според претставник на Метрополитен полицијата, инцидентот се случил кога „група мажи“ испрскале неколкумина луѓе со спреј, кој содржел „иритантна супстанца“, при што со повреди се здобиле шест лица.

Тој информира дека едно лице е уапсено под сомнеж за „нанесување тешки телесни повреди“.

Засега нема информации за каква „иритантна супстанца“ станува збор, но според првичните сознанија на полицијата, спрејот содржел некаква кислеина.

Настанот се случил во реонот на еден голем трговски центар во Стратфорд.

– Извесен број луѓе, според сознанијата, настрадале на различни места. Имаме податоци за шестмина настрадани. Очекуваме повеќе детали, дополни полицискиот претставник.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале поголема група полицијаци и амбулантни и противпожарни возила.

Според очевици на настанот, инцидентот се случил по расправија.

Оваа не е прв случај на напад со кислина во Велика Британија поради што, британската влада уште во јули најави дека размислува за воведување на пострпги казни за лицата кои ќе извршат ваков напад.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = eight

%d bloggers like this: