каталонија полиција

Полицијата на Каталонија, одбила да ги следи наредбите од Мадрид

Министерството на телата на Каталонија за спроведување на законот, одби да застане под директна команда на Министерството за надворешни работи на Шпанија.

Мадрид, како би воспоставил целосен надзор над Каталонија и спречи одржувањето на референдумот за независност, воспоставил централно тело кое би ја координирала работата на националната полиција, Националната гарда и каталонската полиција Mossos d’Esquadra.

Во одговор министерот за внатрешни работи на Каталонија Јоаким Форн, отворено ја осудил ваквата одлука, нарекувајќи ја “ мешање во работите на автономната покраина“.

Лидерот на полицијата на каталонија изјавил дека не ја признава контролата на представниците на шпанската држава.

“Сакаме да им покажеме на граѓаните дека каталонската полиција нема да се откаже од своите овластувања“, изјавил Форна, а пренесува EuroNews.

Мадрид и понатаму го забранува одржувањето на референдумот за независност кој е закажан за 1.октомври. Шпанскиот премиер Маријано Рајо повторно ги осудил сепаратистичките копнежи на Генералитетот на Каталонија.

Сеуште не ејасно дали симболот на автономијата на каталонија, безбедносното тело Mossos d’Esquadra, ќе застане заедно со регионалната влада, која според законот е должна.

Имено, според устравот на земјата Мадрид има право да воспостави привремена контрола над структурите на власта во целата земја, кога станува збор за спроведување на заеднички операции. Бидејќи овде нема согласност околу заедничката операција, се очкува дека Mossos d’Esquadra, ќе го послуша налогот на Генералштабот на Каталонија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × 2 =

%d bloggers like this: