Davutoglu-prizval-vse-partii-vyrabotat-novuyu-konstitutsiyu

Ахмет Давутоглу од утре во тридневна посета на Македонија

Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Според најавите, тој ќе има средби со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев.

Давутоглу на 28 септември ќе се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.

На функцијата премиер на Турција Давутоглу стапува на 29 август 2014, откако Реџеп Тајип Ердоган е избран за претседател на Турција. Управува со дел од власта до 5 мај 2016 година кога се повлекува од позицијата лидер на Партијата на правдата и развојот АКП.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 12

%d bloggers like this: