ердоган1

Ердоган им порача на Курдите: Ќе видиме на кого ќе им продаваат нафта, кога ќе го затвориме вентилот

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес се закани со воена интервенција во Ирак како одговор на одржувањето на референдумот за независност на ирачките Курди.

Ердоган истакнал дека независноста на Курдите неприфатлива е за неговата земја и дека тоа е прашање на “преживување“, пренесе АП.

Тој изјавил дека Турција на границата спрема Ирак во овој момент одржува воени вежби и додал дека турската војска без причина не се наоѓа на границата.

“Ние можеме да стигнеме преку ноќ“, нагласил претседателот на Турција.

Ердоган изјавил дека Анкара ќе ја затвори границата сптема северниот дел на Ирак заради референдумот за независност на ирачките Курди.

Тој на ирачките Курди им се заканил дека ќе им го блокира клучниот извоз – извоз на нафта, пренесе АФП.

“Главниот премин Хабур ќе биде затворен за влегување и излегување“, изјавил Ердоган и истакнал дека референдумот е нелегитимен.

“После ова ќе видеме на кого ќе му ја продаваат нафтата. Вентилот е кај нас, и готово е кога ќе го затвориме“, истакнал Ердоган.

Турција исто така го предупреди Ирачки Курдистан дека би можел да очкува санкции заради необврзувачкиот референдум за независност, кој се одржува денес.

И покрај тоа што Турција има силни врски со Регионалната влада на Курдистан во послендите неколку денови, Анкара стравува дека референдумот ќе распири националистичките тенденции меѓу Курдите кои живеат во Турција.

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим на телевизијата изјавил дека турските министерства работаат на деталите на санкции, како и тоа дека кризата пристигнала до точка на која нема враќање, додавајќи дека “ процесот кој доаѓа ќе најави недобар развој“, пренесува АФП.

Тој претходно референдумнот го нарекол како грешка и авантура, изјавувајќи дека Турција пред се ќе превземе политички, дипломатски и економски мерки во склад со “ настаните на теренот“, додека и воената операција исто така е опција.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× six = 12

%d bloggers like this: