rty-620x437

Градоначалникот на Лондон бара нов референдум за Брегзит

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан бара нов референдум Брегзит 2, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Како што најави тој, ќе побара на национално ниво на следните избори да се гласа дали да се одобри договорот кој ќе биде постигнат помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Неговата реакција доаѓа по изјавата на Кизија Дагдејл, поранешен лидер на Лабуристите во Шкотска, кој рече дека граѓаните имаат право да се изјаснат за евентуален втор референдум.

Ставот кај Лабуристите во моментов е поделен бидејќи таквата идеја, според пишувањата на британските медиуми, ја поддржуваат повеќе луѓе во партијата.

„Засега не сум убеден во Владата и нејзиниот план за исходот и како истиот би влијаел врз нашата земја“, изјави Кан.

Според Дагдејл пак, Брегзит е надвор од контрола и е против интересите на работничката класа, и затоа народот треба повторно да гласа.

Брегзит референдумот беше одржан на 23.јуни 2016 година, кога 51.9 отсто од оние кои учествуваа на гласањето, побараа излез од европското семејство.

Извор:НоваТВ

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + = 5

%d bloggers like this: