rohinja_ap1

ОН: Шокантни извештаи за сексуални насилства над Рохинџиите

Лекарите од Меѓународната организација за миграција лекувале жени и девојки кои биле силувани од страна на мијанмарските војници.

Шефот на агенцијата ОН за миграција  изјавил дека “шокиран е и загрижен“ од извештаите за сексуалните насилства над прогонетите Рохинџии кои пребегнале во Бангладеш.

Директорот на Меѓународната организација за миграции Вилијам Лејси Свинг додал дека бегалците Рохинџии кои побегнале од Мијанмар ја обвиниле војската на режимот на Мијанмар за силување на жени и девојчиња.

Мијанмарските власти го негираат ова тврдење, ама одбиваат меѓународните посматрачи тоа да го испитаат.

ИОМ задолжен е за распрделба на хуманитарна помош во екот на егзодусот на 480.000 луѓе кои пристигнале во Бангладеш од 25. август.

Во соопштението објавено во средата се потврдува дека лекари од ова агенција примиле над десетина жени кои доживеале “сексуални напади“ од август, ама таа бројка веројатно претставува “мал дел“ од реалните настани.

Свинг изјавил дека таквото “неодговорно насилство и злоупотребување останува неприфатливо„ во многу стабилни ситуации.

Се проценува дека приближно 160.000 жени и девојки пристигнале во Бангалдеш минатата недела.

Две сестри кои зборувале за Ал Џезира изјавил дека биле силувани од страна на мијанмарските војници.

“Војската нё мачеше. Ги убија нашите родители. Нё одведоа во џунгла, Нё фрлија на земја“, раскажала 25-годишната Минара, која не сакала да го открие своето презиме.

Нејзината 22-годишна сестра Азиза изјавила дека била силувана од страна на двајца мажи кога останала без свест.

Сестрите биле спасени од страна на други бегалци, кои им помогнале да ја преминат реката и пристигнат во Бангладеш.

Извор: Al Jazeera

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ six = 9

%d bloggers like this: