ердоган

Турција го напушти Барзани, ќе купува нафта само од Ирак

Турските власти одлучија дека при купувањето на ирачка нафта ќе работаат исклучиво со централната влада во Багдад, повикувајќи се на изјава на ирачкиот премиер пишува турскиот весник Дејли Сабах. Останати детали за договорот помеѓу Анкара и Багдад за извозот и транзит на ирачка нафта во Турција сеуште не се соопштени. Претходно ирачката влада ги повика странските земји да го прекинат увозот на нафта од автономниот регион на северот на земјата и да тргуваат само со сојузната влада.

Багдад тврди дека турскиот премиер Бинали Јилдирим се согласил да ги подржи сите мерки кои Багдад ги превзел против Ербил, вклучувајќи го и затварањето на копнените и воздушните граници и да се извезува нафта од ирачкиот Курдистан под контрола на централната власт.

Канцеларијата на премиерот Хајдер Ал-Абади денес објавил соопштение за разговорот со турскиот премиер Јилдирим.

Во соопштението се наведува дека премиерот Јилдирим го истакнал турскиот став со кој се “подржуваат мерките кои ирачката влада и парламентот ги превзеле против регионот Курдистан после референдумот“.

Премиерот Јилдирим ја нагласува “преданоста на Турција во целост да соработува и координира активностите со ирачката влада како би воспоставила контрола над копнените и воздушни пристаништа“.

Турскиот премиер исто така нагласил дека сите тргувања, вклучувајќи го и извозот на нафта, треба да одат преку федералната власт“.

Регионот на Курдистан извезува околу 650.000 барели нафта дневно низ турскиот нафтовод Чејхан, независно од Багдад. Нафтата представува главен извор на приходи за курдската регионална влада. Регионот шротуку се опоравува од финансиската криза која курдскиот регион го потресува од 2014 година, токму заради паѓање на цената на нафтата и бидејќи Багдад, заради самоволниот  извоз на нафта од страна на ирачки Курдистан, ги намали буџетските издвојувања за Ербил.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердеоган на ирачки Курдистан им се закани дека ќе ги затвори нафтоводите , прашувајќи на кого тогаш Барзани ќе му ја извезува нафтата?

Турскиот министер за трговија и царина вчера соопштил дека нивните копнени граници засега сеуште се отворени.

Анкара веќе објави дека се придржува кон забраната на летови која гја издаде Багдад и очекува дека таа ќе стапи на сила во петок навечер. Багдад изјавува дека со забраната ќе ги сопре сите меѓународни летови за и од Курдистан, доколку курдската влада аеродромите во Ербил и Сулеиманија одбие да ги предаде на федералните власти.

Министерот на Курдистан за транспорт изјавил дека е подготвен да преговара со Багдад и дека ја “разбира“ ирачката одлука, укажувајќи ја својата подготвеност да пет до шест службеници од цивилното воздухопловство на Ирак “надзира и надгледува“ двата аеродроми. Меѓутоа, тој предупредил дека на Ербил, дека доколку забраната потрае подолго време, има неколку добри адути за искористување против Багдад.

Освен Турција, прекинување на летоците за ирачки Курдистан најавија и авиокопманиите на Египет и Либан.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 6

%d bloggers like this: