palestina-interpol

И покрај противеењето на Израел, Палестина стана членка на Интерпол

И покрај острото противеење на Израел, Интерпол ја прифати Палестина како членка. Чекорот е одобрен од страна на повеќето членки на Интерпол за време на актуелното одржување на собранието кое ова година се одржува во Пекинг.

На интернет веб страната на Интерпол се наведува дека повеќе од две третини на членките гласале за приклучување на Палестина во организацијата.

Вкупно за приклучување на Палестина гласале 75 земји, 24 биле против, додека 34 биле воздржани.

За време на собранието новата членка на Интерпол исто така членка постанале и Соломоновите Острови така да сега Интерпол има вкупно 192 членки.

Израел се обиде да го попречи гласањето истакнувајќи дека Палестина не е држава, меѓутоа изгледа поголемиот дел од светот има поинаков став од оној на Израел.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − = 5

%d bloggers like this: