ирак-курди

Отворена е курдистанската Пандорина кутија: Следен на ред е Иран?

Масуд Барзани после референдумот очекува независност на Курдистан. Иако сите показатели покажуваат дека станува збор за Пирова победа, Курдите  го дадоа својот националистички патриотизам и слават во сите подрачја каде живеат Курди. Тоа го вклучува и западен Иран, каде живеат околу осум милиони Курди во провинциите Кордестан,Керманшах,Западен Азербејџан и Илам. Ова подрачје се смета за источен Курдистан, а Курдите сочинуваат некаде до десет посто од целокупното иранско население. Повеќето ирански курди се сунитски муслимани, ама постои и значителен број на шиитски Курди ( ткн. Фелии). Илјадници Курди излегоа на улиците после прогласувањето на резултатите од референдумот на улиците на централните ирански градови Банех, Сагез иСанандаџ. Иранските курди ги држеле вклучени мобилните телефони во рацете, пееле патриотски песни и извикувале слогани за подршка на ирачкиот референдум. Иранската полиција мирно ги посматрала демонстрантите. Прославата е пренесувана дури и на иранската државна телевизија. Во меѓувреме, иранската Исламска Револуционерна Гарда и редовната иранска војска започнаа да изведуваат воени вежби на границата во близина на ирачки Курдистан како знак на незадоволство на Техеран со развојот на ситуацијата во соседната земја.
Додека ирачките Курди страдаат од историско неединство, што се забележува во недостатокот на координација на референдумот, многу Курди во Иран сакаат да го дочекаат и видат Независен Курдистан. Меѓутоа, Иран остро се противи на референдумот бидејќи со право истакнува дека давањето на независност на ирачките Курди би предизвикало нестабилност во целиот регион. Многу ирански Курди сметаат дека се дискриминирани од страна на централната влада, пред сё заради недоволниот економски развој на курдските подрачја, човекови права и заради својот јазик. Повеќето Курди во Иран не знаат да пишуваат и читаат на курдски јазик бидејќи владата на Исламската Република не се потрудила да им обезбеди потребни средства загарантирани со уставот за правата на етничките малцинства. Сепак, Исламаската револуција во 1979 година на Курдите им донесе многу слобода. Под стравовладата на Реза Пахлави, Курдите не смееле да ја искажат својата национална припадност па дури ниту по пат на култура или зборување на курдскиот јазик, бидејќи династијата на Пахлави захтевала жестока персијанизација на сите народи на Иран ( од кои дури 51% се од персиско потекло).
Спознавањето на таа слобода води голем број на Курди на јасно одредување спрема независноста на Курдистан. Поголемото мнозинство ја подржува независноста на Курдистан, ама не било каков Курдистан. Одредено пак  мнозинство на ирански Курди укажуваат на социјална неправда корупција и непотизам на Масуд Барзано и неговите елити во Ербил. Некои ирански Курди кои живееле во ирачки Курдистан како политички бегалци често се жалеле на злоупотреба на безбедносните сили, и од тука бараат вистинска демократска насока на потенцијалната нова курдска држава.
Од почетокот на 2014 година, ирачки Курдистан западна во финансиска криза заради падот на цената на нафтата, војната со ИД и голем прилив на бегалци. Заедно со тоа и икслучителното лошо управување со економските прешања, драстично ја зголеми сиромаштијата . Во Курдистан владее големо незадоволство и многу Курди сакаат да се одмаздат на политичката елита со занемарување на референдумот. Спорд бројните курдски независни и полузависни медиумски куќи, во Курдистан со денови се одржуваат јавни протести и расправи за обликот и времето на референдумите. Тие Курди, заедно со оние надвор од Курдистан кои
се во страв од арапска одмазда, протестираат заради нередот во парламентот, непостоење на отворени избори и владеење на нелегитимен претседател. Сето тоа укажува дека референдумот е само игра во која Барзани ги користи патриотските чувства на курдскиот народ, а сето тоа само да остане на врвот и позицијата на моќ. Барзани референдумот го користи како би ја зајакнал државна позиција за себе и својата партија. Багдад одби на Курдите да им дава дел од националниот буџет откако Ербил започна сам да ја продава нафтата. А широката корупција одтуѓила многу Курди од Барзани и неговата влада.Чесно е да се каже дека Курдите од Иран имаат симпатии за своите сонародњаци од другата страна на границата и областа Загрос, сметајќи дека федерализмот на Ирак е мртов заради арапскиот шовинизам и диктаторски намери во Багдад и заради тоа го подржаа референдумот во Ирак. Историски ирачките Курди често јуреле во помош на своите браќа во Ирак.Шејхот Махмуд Барзаџи во мај 1919 година, како раководител на Сулејманија под британски надзор се обидел да поведе бунт против Британците. На помош не му пристигнале локалните Курди, туку група од 300 вооружени ирански Курди  кои на Шејхот Махмуд му помогнале на британците да им нанесе срамотен пораз на влезот во Сулејманија.

Мнозинството на ирански Курди се сунити, па јасно се настојува да се докаже дека постои силна дискриминација на сунитите во шиитски Иран. Меѓутоа доколку се гледа по религиската припадност, сунитските Курди немаат проблеми во извршување на своите молитви, образување или одржување на традиционални верски обичаи. Сунитските студенти се подучуваат на својата религија во склад со сопствената верзија на историјата, а во градовите на ирански Курдистан, па и во провинциските центри постојат големи џамии. Во иранскиот парлемент седат дваесет сунитски представници, а тројца сунити се членови на Советот стручњаци, одговорни за надзор и избирање на Врховни лидери иако ниту еден од тие сунити не е Курд. Главниот проблем на сунитите во Иран не е верски туку политички. Четири курдски побуни се случиле од 1922 до 1979 година. Сунитското прашање во Иран многу е чувствително, меѓутоа во курдскиот случај нипошто не е главно. Тоа повеќе се однесува на повезницата на иранските и ирачките Курди во настојувањето во некаков облик на обединување.

И денес се забележува таква поддршка. Додека Курдите во Ирак меѓусебно се караат околу самиот референдум, иранските Курди им порачуваат да останат обединети. Најстарата иранска курдска опозициска партија, Демократската партија на ирански Курдистан пораќала дека референдумот е неотуѓиво право на Курдите во ирачки Курдистан, а истата партија ги повикува своите членови и одредени пријатели на помош во имплементирање на ова историска одлука. Истата парија е левичарска организација која е забранета  во Иран и повикува на сецесија и сепаратизам во Исламската Република. Во стварност, станува збор за организација која би можело да се нарече терористичка со оглед на тоа после Исламската револуција започнала герилска војна против новоформираната влада во Техеран. Курдскиот бунт траел од 1979 до 1983 година, а партијата потоа повторно предизвикала бунт од 1989 до 1996 година и судири со безбедносните сили во 2016. Во настојувањето да добие подршка од домашната и меѓународна јавност, како и легитимитет во своето делување, партијата најпосле се откажа од користење на насилството против граѓаните.

Меѓународното право во ова прашање полно е со дупки. Курдскиот народ, како сите други народи на светот, имаат право на национална самопределба и независнот. Меѓународната заедница би требало да го потврди тоа право и спречи оние кои таквото право им го загрозува. Меѓутоа, Курдите во Ирак веќе го остварија своето самоопределување. Имаат автонимија во внатрешноста на квазифедералната структура на Ирак и самите водат своја самоуправа. Во таа смисла, не е јасно што би значело самоопределување – сами да си ги раководат своите работи, или по било која цена да се прогласи независност. Очигледно е дека Курдите имаат право на самоопределување, ама тоа нужно не значи и псоедување на сопствена држава.

Легитимноста на целиот референдум исто така е под знак прашање со оглед дека е извршен низ улатералните одлуки на Ербил, без дозволување на централната власт на Ирак, па дури и без национална расправа. Во сите нормални национални држави на светот тоа би бил casus belli- повод за војна, бидејќи дел од суверен и меѓународно призната територија унилатерално сака да се отцепи, а тоа отцепување да нё е предизвикано со закани од воени судири. Истата логика може да се забележи и во односите спрема иранските власти.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = four

%d bloggers like this: