IDRIZOVO

Условите во „Идризово“ – полоши отколку што можете да замислите!

Објекти во руинирана состојба, без можност да се реновираат. Ќелии од 15 метри квадратни во кои се сместени до 20 затвореници. Никаква здравствена грижа. Ресоцијализација не постои.

Новоназначениот директор Керим Мамути се надева дека до зимата ќе се стават прозорци во ќелиите, кои во моментов затворениците се обидуваат да ги затворат со ќебиња и да се заштитат од провев.

Во затворската кантина продуктите се продаваат без ценовник и без фискални сметки.

– За месец дена откако сум јас овде назначен за директор, ресоцијализацијата моментално овде е отидена под стечај. Порано имало некои фабрики за производство на млеко, погони за дрвена индустрија што се уништени и отидени под стечај – вели директорот Керим Мамути.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one − = 0

%d bloggers like this: