каталонија

Брисел сеуште нема јасен став за референдумот во Каталонија

Меѓутоа, повеќето европски лидери не се изјасниле јасно и јавно по повод предстојниот референдум.

Молчењето на ЕУ заради настаните во Каталонија предизвикува сомнежи бидејќи регионалните лидери апелираа на овој блок да посредува во спорот со Мадрид.

Европската комисија како одговор на ова барање на регионот за интервенција повторила дека референдумот претставува интерно прашање на Шпанија и дека по почитува Уставниот поредок на таа земја.

Шкотскиот министер Никола Старџен изнесе подршка за референдумот на Каталонија, ама двосмислено изјавила и дека “потполно е легитимно да Шпанија биде против независноста на овој регион.

Таа исто така во текот на неделата на пратениците од Шкотскиот парламент им изјавила дека “правото на самоопределување представува важен меѓународен принцип“ и изразила надеж дека истото ќе биде почитувано и во Каталонија, ама и во другите места.

Претставници од белгискиот регион Фландрија ги подржуваат обвиненијата на Каталонија да ги субвенционира сиромашните делови на Шпанија.

Исто така, претставници на италијанските партии на крајната десница од Северната Лига негодувале заради неодамнешните апсења на каталонските лидери кои биле наредени од страна на централната власт во Шпанија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 − = one

%d bloggers like this: