kurdi

Багдад го отсече ирачки Курдистан од остатокот на светот

Ирачкиот премиер Хајдар Ал-Абади воведе забрана за летови над ирачки Курдистан. Речиси сите странски авиокомпании ги суспендирале летовите на северот на Ирак, а цел на ова намера е превземање на контрола над аеродромите на “курдската“ територија и граничните премини со соседните земји. Ирачкиот премиер соопштил дека забраната на летови не е насочена кон казнување на граѓаните од овој регион, туку уставна мерка која ја донела владата во интерес на сите жители, па и Курдистан“.

Според зборовите на ирачкиот премиер. забраната е поврзана со одбивањето на Ердбил на сојузната влада да и ја предаде контролата над границата со Иран, Турција и Сирија.

Ирак, Иран и Турција од својс страна на Курдите им упатиле барање за превземање на контролатанад граничните премини и ги ускладија своите активности со Багдад.

Голем број на странски државјани забрзано го напуштија ирачки Курдистан пред забраната да стапи на сила.

Забраната не се однесува на хуманитарни, воени и дипломатски летови, изјавила директорката на меѓународниот аеродром во Ербил, Талар Фаик Салех.

Курдскиот телевизиски канал Рудвај со седиште во Ербил најавил дека Масуд Барзани и регионалната власт на Курдистан одбиваат да ги исполнат барањата на централната власт за предавање на граничните премини.

FOTO Kurdistan

Новинарот Хасан Ридха, вработен во телевизијата Ал-Алам објавил документ на кој стои дека против авионите кои ќе ја прекршат забраната ќе може да се користи воена сила и на ирачкото воздухопловство дозволено му е да ги соборува сите недозволени летови за аеродромот Дохук, Сулејманија и Ербил.

Група на претставници во парламентот во Багдад предложила испраќање на војска во ирачки Курдистан, меѓутоа ирачкиот премиер и командант на вооружените сили на земјата Хајдер Ал-Абади одбил тоа да го направи.

Зборувајќи пред ирачкиот парламент, каде неколку претставници предложиле воена интервенција во автономниот регион на северот на земјата, Ајдар Ал-Абади го отфрлил сценариото за сила во решавањето на судирите помеѓу Багдад и Ербил.

Тој изјавил дека “централната држава има намера да дејствува строго во политичка и правна рамка, на основа уставот и законот на Ирак“.

Ал-Абади додал дека владата во Багда “ ќе ги одврати ирачките Курди од лошите чекори по нив“, и нагласил дека “акциите ќе бидат погласни од зборовите“.

После референдумот и мерките на Багдад, ирачки Курдистан е сё поизолиран. Заради состојбата во Ирак  се повлекуваат голем број на странски компании.

Руски Gazprom Neft објавил дека се откажува од развојот на блокот Халбја во ирачки Курдистан, наводно заради “тешкада достапност на полињата и ризикот заради заостанатите мини после судирите во тоа подрачје“.

Руската компанија учествува во три проекти на подрачјето на ирачки Курдистан. Во блоковите Халабја,Шакал акциите на Gazprom Neft изнесуваат 80%, а остатокот му припаѓа на регионалната влада. Компанијата исто така е вклучена и во заеднички проект со канадската WesternZagros на Гармиан блокот каде е во конзорциум со владата на Курдистан со учество од 40%, а остатокот му припаѓа на странските компании. Моментално се работи само на блокот Гармијан, кој произведува околу 9.6 илјади барели дневно, меѓутоа после овие мерки на Багдад, продолжувањето на производството и на овој блок ќе биде доведено во прашање.

Извор:Logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = four

%d bloggers like this: