путин-ердоган

Washington Examiner: Ердоган и Путин склучија сојуз против САД

Русија и Турција одлучиле да постапуваат против интересите на Соединетите Американски Држави во Сирија и Ирак.

До тој заклучок, после заедничката конференција за новинари на двајцата лидери дошол Том Роган, автор на натписот The Washington Examineru.

“Сето ова укажува на големите проблеми во односите помеѓу Вашингтон и Анкара .Владимир Путин изјавил дека Турција и Русија се сложиле за примирје во сириската провинција Идлиб. На прв поглед, тоа изгледа како чекор напред, меѓутоа , Идлиб е последната голема точка на отпорот на оската Асад-Путин-Иран. Со други зборови, Ердоган ќе ја блокира турската помош на сириските бунтовници“, пишува Роган.

Тој тврди дека Русија веќе долго време има намера да ги уништи бунтовниците во Идлиб, ама сега кога САД ја повлече главната подршка на главните бунтовнички групи, а Ердоган склучи сојуз со Путин, сё е подготвено за конечен пад на Идлиб и “реприза на Алепо.“

Лоша вест за Американците е и најавата на сојузот на Ердоган и Путин против создавањето на курдска држава во Ирак. Ердоган најавил дека референдумот за независност на ирачки Курдистан може да шредизвика регионална криза, а со него се сложил и Путин.

На конференцијата з ановинари Ердоган споменал дека често комуницира со Путин по телефон, а исто така рускиот лидер често го нарекулав “драг пријател“. Врв на сето тоа било обраќањето на Ердоган кој го заклучил состанокот со благодарност до Путин на руски јазик, заклучува Том Роган.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 5 =

%d bloggers like this: