барзани-нетанјаху

ТАЕН ПЛАН ЗА ПОДЕЛБА НА ИРАК И СИРИЈА: 200.000 Израелци ќе се населат во Курдистан по прогласување на независноста

Според весникот Israel-Kurd со седиште во Ербил, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху и Масуд Барзани, самоименуван претседател на идниот независен Курдистан, постигнале таен договор.

Тел Авив се обврзал дека во Курдистан ќе испрати 200.000 Израелци од курдско потекло.

Ова известување нашироко е повторувано во турската, иранската и арапската штамп. Планот на создавање на Јужен Судан и Курдистан бил Израелски воен цел после ракетниот развој кон крајот на девеесетите години. Овие територии, кои се во голема мера под управа на Израелците, овозможија напад на Египет и Сирија.

Од 8.5 милиони Израелци кои живеат во Израел, околу 200.000 од нив се со курдско потекло. Во март 1951 година, “Операцијата Езра и Нехемија“ ( наречена според библиските личности кои го организирале летот на еврејскиот народ од Вавилон) дозволи 11.000 еврејски Курди да емигрираат од Ирак во Израел. Американкско еврејскиот ЈДЦ (Joint Distribution Committee) во Њујорк ја финансирал ова операција. Авионите кои биле користени за овој превоз биле обезбедени од страна на кубанскиот диктатор Фулгенсио Батиста.

Семејството Барзани, кое управува со ирачки Курдистан, историски е поврзано со Израел. Мулах Мустафа Барзани, татко на актуелниот претседател Масуд Барзани, бил еден од високите представници на Мосад.

Изрелскиот премиер е единствен шеф на владата кој даде јавна подршка на создавањето на независен Курдистан надвор од историската курдска територија.

И покрај забраната прогласена од страна на Уставниот суд во Ирак, референдумот се оддржа со цел прогласување на ова нова уставна држава.

Извор:ТБТ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 + one =

%d bloggers like this: