ердоган

ЕРДОГАН: Не ни е потребно членство во европскиот блок

Владата на Ердоган наведува дека членките на ЕУ не ја сфаќаат сериозно заканата со која Турција се соочи и ги одбиваат барањата за испорачување на осомничените за воениот удар.

“ЕУ нё изневери во борбата против тероризмот“, рекол Ердоган, напоменувајќи дека Турција е потреба на европскиот блок.

Турција пред 12 години ги покрена пристапните преговори за ЕУ кои сега се во застој а Брисел ја критикуваше пресметката на Анкара со дисидентите после неуспешниот воен удар минатата година.

Ухапсени се повеќе од десетина илјади луѓе, меѓу кои се просветни и медиумски работници.

Германската канцеларка Ангела Меркел во текот на предизборната дискусија минатиот месец истакнала  јасно дека Турција не треба да влезе во членството на ЕУ и дека треба да се прекинат преговорите.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× two = 12

%d bloggers like this: