насралах

Либански Хезболах предупредува: “Курдскиот референдум е разбивање на Блискиот исток и вовед во нови војни, како дел од американско-израелскиот план за доминација

Либанско воено-политичката организација Хезболах денес објави дека гласањето на ирачките Курди за отцепување представува прв чекор спрема разбивањето на Блискиот исток, притоа предупредувајќи дека ова води кон нови интерни војни.

Лидерот на Хезболах, Сајед Хасан Насралах, изјавил дека ситуацијата на северот на Ирак се заканува не само на таа земја туку и на сите земји во кои се наоѓа курдската популација. Потсетуваме, освен во Ирак Курди исто така живеат и во Сирија, Иран, а најмногу во Турција.

Тој во својот говор, потсетил дека курдскиот референдум силно го подржал нивниот главен непријател, Израел и потврдил дека разбивањето на Блискиот исток претставува дел од американско-израелскиот план за доминација.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 21

%d bloggers like this: