пуигдемонд

Carles Puigdemont прогласи победа на референдумот во Каталонија, над 840 повредени

Избирачките места беа затворени во 20.00 часот, според информациите на каталонското министерство за задравство, во полициското насилство повредени се 844 особи.

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој во пресрет на објавувањето на резултатите од референдумот на конференцијата за медиуми истакнал дека во Каталонија денес не бил одржан референдум, и дека голем број на граѓани не гласале бидејќи го почитувале законот.

“Референдумот е стратегија на рагионалната власт против легалноста и демократската хармонија. Тоа е пат кој не води никаде“, истакнал Рахој.

Референдумот во Каталонија го обележа насилството од страна на полицијата која на сила се обидела да ги спречи Каталонците да гласаат, притоа полицијата користела и гумени куршуми и пендреци. Регионалната влада објавила дека полицијата затворила 319 гласачко место. Каталонската влада планирала гласање на 2.300 избирачки места, ама останало непознато колку биле отворени.

Бројни европски представници го осудија насилството во Каталонија.

Неколку шпански политичари од редовите на левиот центар барале премиерот да поднесе оставка. Градоначалничката на Барцелона Ада Колау истакнала дека Рахој, инаку лидер на владејачката конзервативна народна партија, ги преминал сите “црвени линии“.

“Тој е кукавица кој не ги исполнува своите државни обврски и заради тоа мора да поднесе оставка“, истакнала градоначалничката на Барцелона.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 4 = three

%d bloggers like this: