каталонија

ЕУ: Референдумот во Каталонија не е легален

“Доколку референдумот беше организиран во склад со шпанскиот устав, територијата која се одвојува би се нашла надвор од Европската унија“, стои во соопштението.

Исто така, германскиот министер за надворешни работи Михаил Рут денес изјавил дека развојот на настаните во Каталонија се загрижувачки како и тоа дека сепаратизмот не е одговор после гласањето кое се одржа со доста насилства.

“Сепаратизмот нема да ги реши проблемите. Сите ЕУ членки треба да ги почитуваат и бидат верни на принципите и правилата на владеење на правото и демократијата“, изјавил Рут и додал дека политичките конфликти требаат да се решаваат по пат на дијалог, а не со насилства на улиците.

Каталонската регионална влада денес на итен состанок одлучува за наредните чекори на борбата за независност.
Според прелиминарните резултати, повеќе од 90% од Каталонците гласале за независност, а на референдумот излегле само 43% од 5,3 милиони граѓани. Рефереднумот е одржан со многу насилства.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 × = three

%d bloggers like this: