данскавојска

Данска за првпат после Втората светска војна на улиците ја испраќа војската

Вооружените сили на Данска излегоа на улиците на главниот град се со цел одбрана на клучните локации од потенцијални терористички напади. Исто така трупи се испратени и на границата со Германија. Ова е по прв пат Копенхаген да ја користи војската уште по Втората светска војна.

Кон крајот на минатата недела, група од вкупно 160 војници, вооружени со автоматски пушки, испратени се во нова мисија, чување на важните локации од потенцијални напади. Меѓу локациите се наоѓаат и неколку еврејски институции вклучувајќи ја и Големата синагога во центарот на Копенхаген како и израелската амбасада.

Воената присутност исто така е и на границата со германскиот регион Schleswig-Holstein. Специјална единица формирана е за чување и трансфер на азиланти.

Не е познато колку долго војската ќе учествува во ова мисија.
Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = seventeen

%d bloggers like this: