гадафи

ТАКА ЗБОРУВАЛ ГАДАФИ: Неочекуван заговорник на директна демократија

Либискиот претседател Муаммер Гадафи брутално беше убиен на  20.ноември 2011 година, на крајот на војната во Либија која се водеше помеѓу државните власти и војската против бунровниците кои добија директна помош од НАТО. Бунтовниците ја презедоа контролата над Либија, и земјата очекувано премина во хаос во кој ќе остане сите овие години.

Од денешна ретроперспектива може да се констатира дека агресијата на Либија била една од најголемите злосторства на 21.век – нападната е држава која во ниту еден момент не и` се закануваше на било која друга земја, а против неа ангажиран е елемент кој неколку години подоцна ќе изведува терористички напади по европските градови.

Сега веќе сите по ред поранешни Западни лидери – Барак Обама, Николас Саркози и Дејвид Камерон, си честитале на уништувањето на една држава која заради својата независна политика, а и порано со отворени антагонистички ставови, со децении била трн во окото на Западните сили. Меѓутоа синонимот за таа држава, која со својот целосен назив се нарекуваше Голема Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија, секако беше нејзиниот лидер-претседател Муамер Гадафи.

Гадафи на власт дошол многу млад, имал само 27 години кога тој и група на војници ја срушија владејачката монархија и воспоставија република. Иако се очекувало дека Гадафи ќе биде “мал Насер“, односно копија на популарниот египетски социјалистички претседател, тој набрзо започна да развива сопствен модел, на своја теорија на раководење на државата.

Колку успеа во тоа, би судела историјата, доколку нагло не беше прекината во пролетта 2011 година со нападот на Либија која во тој момент беше една од најразвиените земји на Африка и со можеби највисок животен стандард. Се разбира, многумина констатираа дека либискиот народ можел да ужива во бројните благодети на специфично социјалистичката држава заради тоа што Либија е богата со нафта. Меѓутоа и една Венецуела е многу богата со нафта па гледаме како нејзиниот социјалистички пат моментално се наоѓа во голема криза.

Други ќе кажат дека високиот животен стандар во Либија бил можен заради голема држава со мал број на население. Меѓутоа, сите тие тврдења се движат спрема обидот за оспорување дека Гадафи , покрај своите мани, недостатоци и грешки, сепак успеал да создаде многу уникатен модел кој функционирал

После војната во 2011 година, имало обиди Гадафи да се стави во кош со типичните африкански диктатори кои се грижеле само за својот интерес. Далеку од тоа дека Гадафи не се погрижил и за себе – неговото семејство живееше во приличен луксуз, ама за разлика од деспотите и бруталните моќници какви што Африка ги имала и премногу, во “Гадафиевата Либија“ народот имал далеку повеќе.

Би било погрешно по сё да се заборави на моделот на Гадафи, на неговиот коцепт на џамахирија, и да се стави во групата на диктатори за кои би ни било драго да не се меѓу живите. Обама и сојузниците ја покренаа својата агресија на Либија тврдејќи дека тргнуваат да го “ослободат либискиот народ“ – тоа е наратив кој се наметна и кој се негува и со години после смртта: Гадафи да се прикажува како монструм, за случајно критиката да не го зафати на Обама.

Меѓутоа, кои во стварност беа политичките ставови на Гадафи? Тој сите тие ставови ги ставил во една едноставн акнига наречена – Зелена книга. Во која го дава својот специфичен, често и наивен пат за решавање на светските проблеми и проблеми на човекот. Зелената книга не е комплетна лекција како на пример Капиталот на Маркс, неа може секој да ја разбере и очигледное пишувана и со таа цел. Неговите мисли често поминуваат и доаѓаат од срцето отколку низ главата и во нив може да се отчита желбата за подобар и праведен поредок. Дали во крајна линија бил само неговиот его или навистина сакал да види поробар момент за својот народ и другите луѓе? Можеби двете се застапени во неговата лична презентација.

Она што на многумина ќе ги зачуди е концептот кој Гадафи во стварност го заговарал, а станува збор за директна или непосредна демократија. Тоа е концепт кој обично го заговараат најпрогресивните левичарски сили, а директната демократија често се наведува како клучна, а можеби и единствена, алтернатива на актуелниот поредок во кој доминира политичката елита и капиталот.

На самиот почеток на книгата Гадафи веднаш зазема многу критичен став спрема иснтрументите на власта во  денешнава демократија.

Еве што вели Гадафи за представничките домови (парламентот и сл..)

“Современите представички домови представуваат р`бет на традиционалната демократија која доминира во светот, а представничкиот дом (парламент) лажно представување на  народот, пердставничките системи представуваат демагошки решенија на проблемот на демократијата. Представничкиот дом се формира заради представување на народот, таа основа во бит-та е недемократска, бидејќи демократијата значи власт на народот, а не власт на оној кој го представува.

Постоењето на представничкиот дом сам по себе значи отсутност на народот, а вистинската демократија се засбива на присутноста на народот, а не на присутност на неговите представници. Представничките домови постанаа легитимна препрека помеѓу народот и власта со тоа што населението лишено од занимавање со политика а тие ја монополизирале власта во негово име.. На народот не му преостанува ништо освен лажното представување на демократијата и тоа да гласачите стојат во долги редови како би ставале ливчиња во гласачките кутии“..

Сличен став Гадафи има и спрема партиите:

“Партијата е современа диктатура.. инструмент на власта на современата диктатура.. т.е партијата е власт на дел од населението над мнозинството.. таа е последен инструмент на диктатурата. Бидејќи партијата не е поединец, таа дава привид на демократија по пат на своите тела, комисии и пропагандата на нејзините членови. Партијата апсолутно не е иснтрумент на демократијата, бидејќи се состои од оние кои имаат заеднички интерес, исти погледи, иста култура, ист роден крај или вера. Тие создаваат партија заради остварување на своите интереси, наметнување на своите погледи или ширење на својата вера на општеството во целина. Нивна цел е власта во име на извршување на сопствените програми. Никоја од нив, демократски нема право да владее со народот кој има мноштво на интереси, погледи, расположение, средина и верување. Според тоа, партијата е диктаторски инструмент на власта, кој бим им овозможил на оние кои имаат заеднички погледи и интереси да владејат со цел народ или било кој народ.. А партијата е малцинство во однос на народот“.

Посебно интересен е и занимлив ставото околу референдумите кои, како што се гледа од текстот особено го фрустрираат:

“Референдумите се лажна демократија. Оние кои ќе кажат ’Да’ и оние кои ќе кажат ’Не’ во стварност не ја изкажуваат својата воља. Тие во стварност се замолчени во тој нов облик на демократија и не можат да се изјаснат слободно, освенсо ’Да’ или ’Не’! Ова е најсуров и најлош облик на диктатура.  Оној кој вели ’да’ или ’не’, мора да ја каже причината за тоа – зошто не рекол “да“м а оној кој вели ’да’ мора да го оразложи своето согласување – зошто не рекол ’не’.

Значи, Гадафи ги отфрлува сите елементи кои ја сочинуваат денешната демократија – и парламентот и партијата и референдумите. Па тогаш што предлага наместо то? Како што веќе истакнавме, неговата идеја е директната демократија – она што тој сака директно да го постигне е тоа да народот ја надгледува власта, како што тоа е барем во теорија, случај денес, тој сака народот да се надзира самиот себе. Значи станува збор за голема децентрализација и идеи кои радикланите социјалисти одамна ги заговараат.

Тие посебни народни тела тој ги нарејува “Народни конференции и народни комитети“, а ова е неговиот опис и како истите би функционирале:

“Народните конференции и народните комитети се единствено средство за воспоставување на народна демократија.

Секој друг систем на власт освен системот на народни конференции е недемократски. Сите системи на власт кои денес преовладуваат во светот не можат да бидат демократски се додека не ја прифата ова пракса. Народните конференции се последната етапа на патот спрема демократијата

Народните конференции и народните комитети се краен плод на борбата на народот за демократија.

Народните конференции и анродни комитети не се производ на фантазијата, туку резултат на човечката мисла која ги опфаќа сите искуства во борбата за демократија.

Непосредната демократија претставува совршен начин за кого нема да има место за расправа и разидување во случај на нејзина вистинска примена. Колку и народот да биде броен, не е можно да се собере на едно место каде би се дискутирало, разгледало и одлучило за политиката. Заради тоа нациите се откажувале од непосредната демократија и таа самата остана утопија, далеку од реалноста. Наместо неа никнаа нови теории на власт, како што се представничките демови (парламент) и различни партиски тактики и референдуми кои воделе кон одвојување на анродот од водењето на неговата политика. Тие го лишеле народот од суверенитетот со монополизирање на политиката од страна на инструменти на власта кои се менувале и меѓусебно се бореле за власт и тоа од поединците, преку класите, парламентот, сектите, се до представничките домови и париите. Меѓутоа , Зелената книга на народите им го навестува патот кон непосредната демократија во склаф со партискиот и практичниот систем. Два паметни луѓе не можат да расправаат за идејата на непосредна демократија, а да нё се сложат за нејзината валидност. Меѓутоа нејзината примена е невозможна. Ова трета светска теорија, меѓутоа овозможува практично искуство во примена на непосредната демократија. Со тоа  во целост  решен е и проблемот на демократијата во светот. На народите сега им преостанува борба за укинување на сите облици на диктаторски системи кои преовладуваат во светот. Сите тие системи се лажни облици на демократија, било да станува збор за представничките домови, секти, племиња, класи, до еднопартиски,двопартиски и повеќепартиски системи.

Демократијата има само еден начин и само една теорија. Противречностите и разликите помеѓу системите кои себе си се прогласуваат за демократски представуваа само доказ дека не се демократски. Народнада власт има сомо едно лице и може да се оствари само на еден начин, и тоа по пат на народни конференции и народни комитети -  нема демократија без народни конференции, а народни комитети нека бидат насекаде.

Народот најпрво се дели на основни народни конференции. Секоја конференција ги избира своите доверители. Групата на комитети на доверителите сочинуваат неосновни народни конференции. Преку основните народни конференции населението избира народни комитети кои ќе го завземат местото на владината администрација. Со тоа народните комитети управуваат со сите структури на општеството и одговорни се пред основните народни конференции кои им го одредуваат обликот на политика и надгледуваат нивното извршување. Така администрацијата постанува народна, а и надзорот е народен, и доаѓа до распаѓање на дефиницијата на демократија: демократијата е народен дазор над владата, како би ја надоместиле исправната дефиниција која гласи ДЕМОКРАТИЈАТА Е НАДЗОР НА НАРОДОТ НАД САМИОТ СЕБЕ.

Сите граѓани се членови на народните конференции, а според своите професии или функции им припаѓаат на различни категории. Заради тоа тие осниваат свои стручни синдикати и здруженија и покрај тоа што како граѓани се членови на основните народни конференции или народни комитети. Сё што се расправа, планира и договара во народните конференции, народните комитети, синдикати и здруженија, го добива својот конечен облик во Општа народна конференција на која усчествуваат доверителите на народните конференции, народни комитети, синдикати и стручни здруженија.

Она што Општата народна конференција, која се состанува од периодично или годишно, формулира, се доставува на народните конференции, народни комитети, синдикати, и здруженија за да се започне извршуавањето од страна на народните комитети, кои се одговорни пред основните народни конференции. Општата народна конференција представува збир на членови и поединци како што тао е представничкиот дом. Таа е средба на основните народни конференции, народни комитети, здруженија, синдикати и сите останати стручни здружувања.

Со тоа автоматски исчезнува проблемот на инструментот на власта и се завршува со инструментите на диктатурата. Народот станува инструмент на власта и засекогаш се решава проблемот на демократијата во светот.“

Организација на народната власт спрема Гадафи:

Дали Гадафи бил утопист, визионер или збунет теоретичар? Стручњаците неговите идеји ги отфрлиле тврдејќи дека тие не се научни, меѓутоа дека во денешниот свет толку политика нема никаква научна основа. Она што Гадафи го опишал е модел кој би требало да задоволи чевекот и кој би бил отпорен на експлоатација, модел во кој, иронично, па дури ни тој како таков не би можел да постои.

Зелената книга не е, како што самиот тој често сакал да тврди, конечен ориентир за голема светска револуција, ама е збир на идеи кои треба во најмала рака да се прочитаат. Секако интересни се и други, помалку политички, поглавја на ова книга, како на пример секцијата за семејство, улогата на жената, уметноста, културата. Од денешна перспектива тоа се релативно традиционални ставови, ама доколку знаеме од каде доаѓаат – од либиската пустина – веднаш стануваат релативно напредни.

Од помалку политичките теми посебно интересна е секцијата во која Гадафи зборува за образувањето каде притоа открива доста за себе, за својот бунтовен дух кој е ќеден за наука и образование:

“Образованието или учењето не е она основното составно градиво ниту класифицираните школски предмети кои младите луѓе мораат да ги научат во текот на одреден број на школси часови од школските учебници седејќи во во клупите. Сегашниот начин на образување кој преовладува во целиот свет во спротивност е со слободата. Задолжителното образование со кое различни држави на светот се фалат штом успеат да му го наметнат на савојата младина еден е од облиците на гушење на слободата. Тоа е присилно уништување на човечкиот талент и присилно насочување на изборот и диктаторски акт кој ја убива слободата, бидејќи го лишува човекот од слободен избор, создавањето и брилирањето. Да се принуди некој човек да учи нешто, некој предмет, тоа е диктатура.Наметнувањето на одредени предмети и втиснување на нивните учења за човекот, и тоа е диктатура.

Задолжителното образование, т.е организирано и систематско оразование во стварност принудно од луѓето прави неуки. Сите држави кои ги одредуваат патиштата на образование преку службените наставни програми, ги принудуваат луѓето на тоа да учат одредени предмети, во стварност се држави кои применуваат диктатура против своите граѓани. Сите образовни методи кои се користат најмногу во светот треба да се избришат со општа  светска културна револуција, која ќе го ослободи човечкиот ум со метода на едностран и насочено прилагодување на вкусот, концепцијата и менталитетот на човекот.

Тоа не значи дека треба да се затворат вратите на школите ниту да му се сврти грбот на образованието, како што на прв поглед му изгледа на секој читател. Напротив, тоа значи дека заедницата би требала да обезбеди оние видови на образование и дозволи на луѓето слободно и спонтано определат за разниу науки. Тоа побарува доволен број на образовни установи за сите видови на образование, бидејќи недоволен број на тие установи ја ограничува слободата на човекот и му диктира да научи одредени знаења со лишување од природнодо право да спознае што самиот сака. Општеството кое шро забранува наука, како и општеството кое има монопол над науката, представуваат назадни општества, кои слепо се свртени кон незнаењето и во спротивност се со слободата. Според тоа, општествата кои забрануваат запознавање со верата, онаква каква што е во стварност, представуваат реакционарни општества. Општествата кои што држат монопол над верата исто така се реакционарни општества свртени кон незнаењето и против слободата. Општествата кои ја искривуваат верата, цивилизацијата и однесувањето на другите, тогаш кога себе ги претпоставуваат како спознавање, исто така представуваат загрижени реакционарни општества во спротивност со слободата. Општествата кои забрануваат материјални сознанија представуваат реакционарни општества, слепо свртени кон незнаењето и спротивни на слободата. Општествата кои што држат монопол над материјалните сознанија слепо се свртени кон незнаењето и спротивни на слободата. Знаењето е природно право на секој човек и никој нема право тоа да му го ускрати под било кој изговор, освен ако самиот човек не направи нешто што во тоа ќе го спречи.

Незнаењето ќе исчезне тогаш кога секоја работа ќе биде представена онаква каква што е, или тогаш кога запознавањето со нив им биде достапна на секој човек не нему прикладен начин“.

Гадафи беше уникатна особа – лидер на народот, автократ, социјалист, визионер, во разбирливи периоди, во други периоди значително помалку разбирлив, несврстен лидер, финансиер и подржувач на разни револуционерни и радикални левичарски движења во светот, муслиман кој редовно се молел, ама го презирал екстремниот Ислам, најголем заговорник на африканско обединување, прекален анти-империјалист, а по потреба и автор.

Можеме,а веројатно и треба да имаме и став за Гадафи на основа целиот негов животен опис, од неговите победи во борбите за слобода до неговите порази пред спствените идеји во авторитарното владеење. Меѓутоа она што не би смееле  е тоа Гадафи да го ставиме таму каде што не му е местото, каде што го ставаат неговите непријатели и негови убијци, бидејќи тој беше многу повеќе од човек, визионер и лидер за народ.

Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = thirty five

%d bloggers like this: