каталонија

Шкотска ја подржа независноста на Каталонија

На Шпанската покраина Каталонија треба да и се дозволи да ја одреди својата иднина, а меѓународната заедница не смее да ги игнорира покажаните чувства на Каталонците – стои во соопштението на владата на Шкотска.

“Шпанија и понатаму ќе го има ставот дека гласањето не е легитимно, ама не може да ги игнорира чувствата на народот, односно Кталонците, ниту тоа може да го направи поширока Европа и меѓународната заедница“, се наведува во соопштението кое го потпишала шкотската министерка за надворешни работи. Фиона Хислоп.

Според нејзините зборови, сега мора да уследи дијало преку кој би се решил проблемот на начин со кој се уважува демократијата и владеењето на правото, и кој на народот на Каталонија би им овозможил да ја одреди својата иднина.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + = 8

%d bloggers like this: