иранскитенкови

ПРЕД НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: Иран испрати тенкови на границата со ирачки Курдистан

Како истакнуваат курдски представници, Иран испратил десетина тенкови и артилерија на границата со ирачката автономна покраина Ирачки Курдистан. Чекорот доаѓа непосредно откако ирачките Курди одржаа референдум за отцепување од Ирак.

“Тенковите можат да се забележаѕ од курдската страна“, рекол еден од представниците од курдската влада, пренесува новинската агенција Ројтерс. “Овој чекор ја представува сериозната и опасна ескалација“, се истакнува од ирачки Курдистан.

Потсетуваме, Курдите со големо мнозинство гласаа за самостојност и одвојување од Ирак, меѓутоа земјите во опкружувањето порачуваат дека овој нивни чекор представува закана по целиот регион, а најгласна беше Турција, чиј претседател Ердоган се закани со економски санкции и воена интервенција.

Потсетуваме, Мнозинство на Курдите живеат на просторот на Турција, Ирак, Сирија и Иран.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 − two =

%d bloggers like this: