1 (Copy)

(Фото/Видео) Ашталкоски и Шекеринска во посета на Подгорци

Чест и посебна гордост ми е што уште еднаш сум во ова населба покрај вас и со овие луѓе кои ја имаат вашата доверба и кои сега се покрај мене.

Со овие зборови на присутните граѓани на населба Подгорци, им се обрати Министерката за Одбрана на Р. Македонија г-ѓа Радмила Шекеринска и осврна на изминатите успеси од претходните парламентарни избори, ама и борбата за целосно ослободување на државата со обезбедување на победа и на овие локални избори и враќање на демократијата во нашава држава.

Во текот на своето излагање, таа се осврна и на досегашните ветени работи кои беа предвидени со програмата на СДСМ, а веќе беа реализирани во текот на првите 100 дена, потенцирајќи дека ова е само почеток на враќањето на животот во Македонија.

Во текот на посетата на населба Подгорци, свое претставување имаше и кандидатот за градоначалник на Општина Струга од коалицијата предводена од СДСМ, г-динот Васил Ашталкоски.

Повеќето овде ме познаваат и како човек, ама и како сограѓанин. Во повеќе наврати сум бил во овие населби и не се чувствувам како гостин, туку како домаќин, бидејќи сите се познаваме, а и добро ги познавам проблемите со кои се соочуваат овие населби, поготово ова населба која секогаш на својствен начин ни укажува доверба и добредојде.

Ви ветувам дека со избор на градоначалник на Општина Струга, многу работи ќе се изменат, ги имаме во предвид сите ваши потреби, тргнувајќи од потребите за реализација на инфраструктурните објекти кои и` нодостасуваата на ова населба а ќе ни бидат во прв план за нивна реализација.

Притоа уште, би сакал да Ви се заблагодарам во мое име и името на СДСМ за дадената доверба и успехот кој ова населба го постигна на изминатите парламентарни избори, избори кои малку по малку ја отвараат вратата за нов живот во Подгорци, – истакна Ашталкоски.

Во текот на средбата со Подгорчани свое видување на настаните, потребата и успехот на ова политичка партија кој го постигна благодарение на жителите на ова населба, како и потребата од гласање како за кандидатската листа за градоначалник, така и листата на советници, искажа и носителот на советничката листа Николина Велкоска.

Таа ги повика жителите, масовно да излезат на 15.октомври и со нивниот глас за советничката листа на оваа коалиција да помогнат во обезбедувањето на соодветен број на советници воОпштина Струга, и на тој начин олесниме носењето на одлуките на нашиов градоначалник, одлуки кои ќе направат промени кон добро за сите нас, и оневозможат да бидеме уценувани од други кои секогаш заради нечии интереси ќе ги сопираат одлуките преку кои ќе сакаме да влеземе во пресрет на нашите сограѓани, односно реализацијата на нивните потреби, со кои во целост сме запознати, заради тоа уште еднаш Ве повикувам масовно да излеземе на гласање во заедничка победа како што излеговме на парламентарните, така и на предстојниве ,локални избори – истакна Велкоска.

Покрај Шекеринска и Ашталкоски, на средбата со граѓаните на анселба Подгорци, беа и дел од советниците кои ја представуваат оваа коалиција предводена од СДСМ за општина Струга.

IMG_8952 (Copy)

1 (Copy) IMG_8868 (Copy) IMG_8874 (Copy) IMG_8893 (Copy) IMG_8896 (Copy) IMG_8905 (Copy) IMG_8908 IMG_8927 (Copy) IMG_8930 (Copy) IMG_8936 (Copy) IMG_8943 (Copy) IMG_8945 (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = two

%d bloggers like this: