1000_1507135511erdogan_rouhani_(4)

Рохани: Трговската размена помеѓу Иран и Турција ќе биде 30 милијарди долари годишно

Иранскиот претседател, Хасан Рохани после состанокот со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Техеран изјавил дека Турција и Иран представувааѕ клучни земји за стабилноста на Блискиот исток, јавува Анадолија Агенцијата.

1000_1507135513erdogan_rouhani_(6)

Рохани на конференцијата за медиуми истакнал дека во текот на состанокот донеле важни одлуки во врска развојот на економските односи помеѓу двете земји.

Истакнал дека на состанокот посебно било нагласено значењето на Иран и Турција за стабилноста и безбедноста на целиот регион.

“Двете силни пријателски и муслимански земји, Турција и Иран, клучни се за стабилноста за Блискиот исток“, истакнал Рохани.

Тој нагласил и дека политичките, културните и економските односи помеѓу двете земји во последните години значително се подобрени.

“Донесовме многу важни економски одлуки. Една од важните одлуки е да двете земји во областа на бакнарството и трговијата да ги користат националните валути“, истакнал иранскиот претседател.

Тој истакнал дека на состанокот одлученое три гранични премини помеѓу двете земји да работаат 24 часа дневно.

“Целта е да се поедностави транзитниот товарен транспорт како и другите активности на границата“, рекол Рохани.

Исто така, тој додал дека иранските валсти се подготвени да понудат најдобри услови со што турските бизнисмени во наредниот период би можеле повеќе да вложуваат во Иран.

На состанокот е нагласено дека траговската размена помеѓу Иран и Турција ќе достигне 30 милијарди годишно.

На крајот напоменал дека разговарале и за настаните во Сирија и Ирак.

“Главна цел на Иран и Турција е во целиот регион да се воспостави стабилност и безбедност. Ирак е целовита земја како и Сирија. Никогаш нема да прифатиме исцртување на нови граници во регионот“, порачал Рохани.

Лидерите на двете земји во текот на состанокот потпишале четири меморандуми за разбирање во овласта на границите, банкарството, државните телевизии и архивот.1000_1507135511erdogan_rouhani_(3)

Делегацијата на Турциј, освен Ердоган, ја сочинувале и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак и други високи представници.

Извор:Фактор




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = fifteen

%d bloggers like this: