каталонија

Каталонија би можела Европа да ја втурне во хаос

Шпанија очајнички се обидува да го сопре патот на Каталонија кон независност, кој се заканува  надвор од колосек да ја исфрли нејзината економија и Европа да ја втурне во хаос, коментра денес Њујоршката мрежа Си-Ен-Ен (СНН), анализирајќи ги можните економски последици од прогласувањето на независност на овој шпански регион/

“Инвеститорите постануваат свесни за ризикот: главниот индекс на шпанската берза на акции падна во средата за дури 2,7%, акциите на шпанските банки со седиште во главниот град на Каталонија, Барцелона, се тргувале во пад за дури 7.0%, а ослабнале и шпанските државни обврзници“, наведува СНН.

Додека политичарите од Мадрид и Барцелона меѓусебно разменуваат остри пораки, компаниите и нинвеститорите фатени се “ниту на небо, ниту на земја“.

Каталонија е економски најпродуктивен регион во Шпанија, и дом на 7.100 странски компании, вклучувајќи ги Folksvagen, Nisan и Cisko.

Многу стручњаци предупредуваат на опасноста од прогласување на независност на Каталонија после референдумот одржан минатата недела.

“Каталонија не би имала средства, вклучувајќи ги фискалните средства, да оствари полна независност, смета Холгер Шмит, главен економист а Беренберг банката, додавајќи дека во “некој момент, Барселона и Мадрид ќе мора да поразговараат“.

Потенцијален договор помеѓу нив, според неговото мислење би можело да биде можна поголема автономија на Каталонија, која би и` дала поголема контрола над сопствените финансии.

Меѓутоа, дури и така да биде, независност и јавни немири во предстојните денови (или месеци) би можеле да нанесат прилична штета на локалните компании и економијата, отценува СНН.

Њујоршката телевизија наведува дека заради протестите одржани во вторникот биел затворени неколку автопатишта, што довело до застој во производството во  фабриката на Фолксваген во ова покраина. Поголеми пореметувања би го загрозило доаѓањето на работниците на работа и продуктивноста.

Стивен Браун, економист од Kepital Ekonomiks вели дека може да дојде до одлагање на ивестициите, бидејќи раководителите на корпорациите ја разгледуваат импликацијата на независноста на Каталонија.

 

Од друга страна. Шмит, предупредува дека период на конфузија би можел да го забави економскиот раст на Шпанија со сегашното ниво од 3,2 на околу 2,3%.

Експертите сметаат дека најопасно сценарио за компаниите би представувало едностраното отцепување на регионот.

Претпријатијата во Каталонија ви се соочиле со ситуација да работаат во нова независна држава која нема формални трговски договори, што представува ситуација уште посериозна од она на Брегзит, истакнува Карстен Хесе, европски економист во Беренберг банката.

Каталонија счинува речиси петтина од шпанското стопанство и предводи во однос на сите други региони со удел од 25% во извозот на земјата.

“Тоа би можело да ја погоди шпанската економија прилично во време кога земјата се опоравува од (економската) криза“, вели Меган Грин, главна економистка на фондот “Manulife Ašet Management”.

Според ова сценарио, инвеститорите би можеле да престанат да го купуваат каталонски и шпанскиот долг, а трошоците на финансирањето на државата би скокнале. Шпанија би можела да влезе во рецесија, а тие ризици би можеле да се прошират и по цела Европа, изјавил Грин.

“Тоа би можело да предизвика враќање на кризата во еврозоната во најлош случај“, заклучила таа, а објави СНН.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 6 = zero

%d bloggers like this: