ердоган

Ердоган ја најави блокадата на ирачки Курдистан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција, Иран и Ирак ја разгледуваат можноста од блокада на воздушниот простор и границата на ирачки Курдистан.

Тој најавил дека таа можност, откако граѓани на таа автономна област на минатонеделниот референдум се изјаснија за независност.

“Целиот воздушен простор ќе биде затворен, летовите ќе бидат забранети. Наскоро и границите ќе бидат затворени“, изјавил Ердоган денес во текот на својот говор во Анкара.

Тој наведил дека лидерот на ирачките Курди Масуд Барзани, главниот заговорник на референдумот за независност, ја загрозил безбедноста на целиот Блиски исток.

“Нема да дозволиме безбедноста на нашиот регион и држава да бидат загрозени само заради тоа што некои луѓе сакаат да ги остварат своите сни од детството“, додал претседателот на Турција.

Повеќе од 90% од граѓаните на ирачки Курдистан се изјаснија на 23.септември за независност на референдум, кој Багдад, Техеран и Анкара ги сметаат за нелегален.

Курдите се доминантно население на југоистокот на Турција, северот на Сирија, и северот на Ирак, како и северозападот на Иран. Тие четири области го сочинуваат регионот Курдистан.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × four =

%d bloggers like this: