erdogan

Турција нема да дозволи формирање терористички коридор на северот на Ирак

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека како што не дозволивме да се формира терористички коридор на јужната граница на Турција, истата одлучноста важи и за северот на Ирак.

На враќање од посетата на Иран претседателот Ердоган во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со прашањето северен Ирак претседателот Ердоган рече дека Турција, Ирак и Ирак формираа троен механизам потенцирајќи дека одлуката за затворање на вентилот на нафтата ќе ја донесат наведените три земји.

Ердоган уште еднаш подвлече дека незаконскиот референдум што се одржа на 25 септември во Регионалната курдска управа на северот на Ирак нема никаква законска основа.

Очигледно е дека незаконскиот референдум нема да помине на гласањето во Федералниот парламент на Ирак. Тоа официјално го соопшти Централната власт на Ирак. Исто така и Уставниот суд на Ирак ја суспендира одлуката за референдум и пресуди дека треба да се спречи гласањето.

Месут Барзани, лидерот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак нема друго чаре освен да се откаже од овој чекор, рече претседателот Ердоган и потенцираше:

Самиот Барзани треба да ја заврши оваа работа бидејќи нема друго чаре. Во спротивно ќе бидеме принудени да фрлиме одредени чекори во претстојниот период, рече претседателот Ердоган.

Како што рековме порано, Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на јужната граница на земјата. Првиот чекор на тоа поле беше случајот со Сирија. Во рамките на минатомесечната посета на САД на средбата со американскиот претседател Трамп отворено му кажав. Ако случајно на јужната граница на Турција се случи такво нешто, тогаш ќе интервенираме. Денес истото важи и за границата со северот на Ирак, подвлече претседателот Ердоган.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two × 1 =

%d bloggers like this: