IMG_8976 (Copy)

Представници на Движењето БЕСА во кратка посета на Подгорци

IMG_8976 (Copy)

Синоќа во кратка најавена посета на Подгорци беа представници на Движењето БЕСА, кои остварија кратка средба со жителите на ова населба.

- Како и што веке Ви е познато, Движењето БЕСА вообичаено секогаш изнаоѓа и барем 5 минути слободно време, за истото да го искористи-потроши на корисни разговори со граѓаните од нашиве населби. Односно на кратка средба со како што велат кафе муабет, средби на кои повеќето наши представници на раководните органи на ова партија ќе бидат сё поблиски до граѓаните, и се разбира спознаат проблемите со кои се соочени, и со кои се соочуваат, а се рабира и ние презентираме нашите решенија за она што мислиме дека треба да се направи за подобрување на животот во нашите населби.

Вообичаено не сме навикнале да организираме  некакви си собири, поканувања и слично, и веднаш тука да заврши нашиот контакт со граѓаните од кои ја бараме довербата,а кои навистина имаат потреба од комуникација преку која ги искажуваат своите проблеми, како лични, така и оние кои се однесуваат на целокупните населби.

Ние како  како политички субјект кој е нов на овој простор, а кој сё повеќе стекнува доверба, доверба која според нашите досегашни постигнати резултати никогаш не се движи по надолна  линија, односно само константно, искачување по онаа позитивната нагорна линија на доверба на нашите граѓани бидејќи имаме поинаков и поразбирли пристап кон нив, различен од оној  класичниот кој за жал сеуште се користи од страна на повеќето политички партии.

IMG_8979 (Copy)

Движењето БЕСА е движење предводено од доктори, професори, компјутерски инженери, програмери, архитекти, дизајнери, бизнисмени, градежни инженери, еснафи, верници, поштени луѓе и др., а не од квази интелектуалци. Токму и затоа другите политички партии, а и исто така и луѓето, останаа без зборови после најавата на неколку од замислените проекти за Лабуништа, околните населби и Струга.

Вечерва сме тука заедно со нашиот и вашиот  кандидат за градоначалник на Општина Струга, Лавдрим Елмази, како и носителот на листата на советници, др.Самир Јускоски како и останатите наши представници, заеднички да поразговараме и на други теми за кои треба и сметате дека треба да се разговара.

Како што реков нашата цел преку нашиот пристап секогаш да бидеме поблиску до интерост на народот и интересот на секој наш сограѓанин, а не оној другиот кој повеќе партии го практикуваат – ни изјави Агим Беќироски претседател на огранокот на БЕСА-Лабуништа, притоа повторувајќи дека ова не е последна посета во низата кои што ова партија ги планира да ги оствари во наредниов период.

Во текот на средбата, присутните накратко од блиску можеа да поразговараат со представниците на ова партија, од поблиску искажат своите проблеми, потреби и слични работи кои што ги тиштат,и се разбира сушнат и предвидените решенија од програмата на ова партија за населбите од кои како секогаш ја очекуваат довербата, како кон политичката партија, така и за градоначалникот и се разбира носителот на листата за советници од редовите на БЕСА и запознаат со понатамошните активности.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 + = sixteen

%d bloggers like this: