erdogan

Турција посакува сите латински пријатели да живеат во мир, спокојство и просперитет

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција без никаква дискриминација посакува сите латински пријатели да живеат во мир, спокојство и просперитет и дека не е правилна надворешната интервенција врз овие земји.

Претседателот Ердоган одржа заедничка прес конференција со претседателот на Венецуела Николас Мадуро кој престојува во официјална посета на Анкара.

Ердоган рече дека без никаква дискриминација посакува сите латински пријатели да живеат во мир, спокојство и просперитет и дека не е правилна надворешната интервенција врз овие земји.

Претседателот Ердоган ги критикуваше земјите кои се мешаат во внатрешните работи на Латинскоамериканските земји и во тој контекст рече:

Не сметаме дека се правилни надворешните интервенции. Тоа е факт и одраз на нашата дипломатија и меѓународна политика, рече Ердоган.

Ние не признаваме ниту една сила над волјата на народот. Надворешните интервенции уште повеќе ги продлабочуваат проблемите. Се надеваме и посакуваме Венецуела што поскоро да ги надмине проблемите со кои се соочи во последно време и тоа по пат на дијалог и компромис, рече претседателот Ердоган.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + one =

%d bloggers like this: