dzamija alzir

(Видео) Во Алжир се гради џамија вредна една милијарда долари и ќе прими 35.000 верници

Во Алжир наскоро ќе биде завршена изградбата на модерна, огромна џамија која ќе ги собори рекордите по големината и раскошноста кога во прашање се денешните верски објекти во ова земја.

Djamaa el Djazair или во превод “ Големата џамија на Алжирците“, се гради од 2011 година и представена е како трета најголема џамија на светот,а подготвена е да ја надмине и онаа во Мароко со најголемото минаре на светот од 61 метро.

Џамијата требало да биде отворена во септември ова година, меѓутоа нејзиното отварање е пролонгирано за декември. Во нејзината изградна учествува компанијата China State Construction Engineering Corporation.

Џамијата ќе има капацитет да прими 35.000 луѓе, а местото за молитва ќе биде толку големо така да е во состојба да прими еден мал град.

Раскошната џамија на 374.000 квадратни метра од внатре ќе потсетува на луксузен хотел со степеници, фонтани, тераси а ќе има и сопствена библиотека  со илјадници книги.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = zero

%d bloggers like this: