3

Западен Брег: Палестинки и Израелчанки заедно маршираа низ пустина за мир

Илјада Палестинки и Израелчанки облечени во бело се собрале во градот Јерихо на Западниот брег каде одржале протестен собир барајќи мирно решение на судирот помеѓу Израел и Палестина.

Организаторите на овој двонеделен марш, движењето “Woman Wage Peace”,, истакнале дека на овој начин сакаат да испратат порака на лидерите да поработаат на изнаоѓање на решение за израелско -палестинскиот конфликт и да им овозможат на жените да имаат еднаква застапеносѕ во сите разговори.

На денешниот собир во гратчето Јерихон на Западниот брег, се собрале околу 8.000 особи, каде учесниците подигнале “шатори на помирување“. Жените и децата марширале низ пустината носејќи транспаренти на кои пишувало“Мир со вас“ на арапски и еврејски јазик.

Движењето “Woman Wage Peace”, формирано е во 2014 година откако Израел покрена копнена офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 2.000 Палестинци.

Собирите започнале минатиот месец во неколку израелски места, а ќе завршат во недела навечер во Ерусалим.

1 2 3 4 5 6 7

8
Фото:АА



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − = four

%d bloggers like this: