sugareskionurer

Владата преговара со турски „ОнурЕр“ за нова авио линија Охрид-Истанбул

Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Горан Сугарески денеска оствари средба со претставници од авио компанијата „ОнурЕр“ на која се разговараше за можностите и условите  за воспоставување на нова линија на релација Охрид-Истанбул.

Министерот Сугарески ги презентираше условите што ги нуди Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми. Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е приоритет на владата на Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

– Имав плодна средба со претставниците на авиокомпанијата „ОнурЕр“. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Македонија преку воспоставување на нови линии. Ние како влада имаме обврска да се залагаме за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе дадеме поддршка на секоја авиокомпанија што сака да оперира во Македонија, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

На средбата се отвори и прашањето за заголемување на капацитетите на искористеност на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. (Крај)

извор: Ohridpress/Макфакс фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + eight =

%d bloggers like this: