турција

САД и Турција меѓусебно го суспендираа издавањето на визи за граѓаните

Вработениот е приведен заради обвиненије за поврзаност со минатогодишниот обид за државен удар. Представници на Вашингтон ги отфрлија обвиненијата како неосновани. Како што се потврдува, тој е обвинет за шпионажа и нарушување на уставниот поредок на Турција.

“Последните настани ја натераа амбасадата на САД да ги преиспита намерите на Турција и нејзините обврски во безбедноста на американската дипломатска мисија. Како би го намалиле бројот на посетата на нашата амбасада во текот на проверката на новонастанатата ситуација, ги суспендиравме сите сервиси на издавање визи во сите конзулати во САД и Турција“, стои во соопштението на Амбасадата на САД.

Турската амбасада во Вашингтон брзо одговорила и го воспоставила истиот режим на суспензија.

Турција сеуште инсистира на испорачување на Фетулах Ѓулен, лидер на фракцијата на опозициските сили во Турција кој живее во САД, а кого официјална Анкара го обвинува за организирање на воен удар во 2016 година.

После државниот удар илјадници луѓе се приведени во Турција, исто така и суспендирани, или пак добиле отказ од државните институции, служби и установи.

Односите помеѓу САД и Турција слаби се веќе некое извесно време, а којпата се кршат околу природата на конфликтот во Сирија, односите со Иран и односите со Курдите во регионот.

Извор:Кликс




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 7

%d bloggers like this: