атинанереди

АТИНА: Молотови коктели и камења, судир на анархистите и полицијата

Во текот на завчерашниот ден во главниот град на Грција се судриле припадници на полицијата со анархистите – информациите зборуваат дека радикалните левичари со молотови коктели и камења ја нападнале полицијата која била принудена да употреби солзавец и пендреци.

Судирот избувна на просторот на познатата атински боемски кварт Exarcheia за време на протестите заради полициската тортура и приведувањето на еден од демонстрантите. Станува збор за особа која била приведена минатиот месец.

Анархистите се собрале на авенијата Александрас и тргнале да мршираат кон полициската станица каде приведениот демонстран бил мачен. Меѓутоа, кога се приближиле кон полициската станица избувнале судири, а анархистите се обиделе да ги подигнат барикадите. Локалните медиуми потврдуваат дека најмалку двајца припадници на полицијата се повредени.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 2

%d bloggers like this: